Достапни линкови

Се почести предупредувањата дека независност ќе прогласат и Србите од северот на Косово


Косовскиот премиер Агим Чеку изјави дека Приштина, за прогласувањето незавиност на Косово, ќе се координира со Соединетите Држави и со другите земји. Во меѓувреме, зачеситија предупредувањата дека во таков случај и србите на северот на Косово, ќе донесат слична одлука. И додека Белград не ја исклучува таквата можност, Приштина вели дека станува збор за несериозни најави.

Најавите за можна поделба на Косово доколку Приштина прогласи независност се ризични и насочени против соживотот, вели Садри Ферати, извршен началник на општина Митровица. Тој смета дека животот меѓу србите и албанците на Косово е можен и врз тоа не треба да влијае барањето за независност на Косово.

Претензиите на Белград се дека албанците можат да живеат со србите таму каде што тоа му одговора на Белград и тоа прашање го поставува како проблем на Косово.

И додека претседателот на Српската листа за Косово и Метохија Оливер Ивановиќ кој ја најави можноста за поделба на Митровица смета дека независноста на Косово ќе поттикне поделба на Покраината и натамошни конфликти, поранешниот косовски премиер Бајрам Реџепи, кој е и кандидат за претседател на општина Митровица вели дека Белград на таков начин сака да го одложи решнието на статусот:
Тоа е слично како во почетокот на деведесетите кога Косово прогласи независност која не беше призната. Така и србите можат да прогласат независност и никој нема да ја признае. Косовскиот парламент таквата одлука ќе ја прогласи за неважечка.

Митровица е поделена на јужен албански и северен српски дел. Северниот не е под административна управа на општината од јужниот дел, туку за него е надлежен УНМИК. Затоа секоја изјава за можна поделба се оценува за опасна.

Поделбата или отцепувањето не се опција, ниту пак решение и нема механизам што тоа ќе го овозможи. Таквите најави се несериозни и не им се од полза на косовските срби.

Вели портпаролот на косовската влада Авни Арифи. Во Белград пак повторуваат дека никој таму не размислува за поделба на покраината, но сепак не ја исклучуваат таквата можност.

Сигурно, доколку би дошло до еднострано признавање на Косово или прогласување за независна држава, тогаш ќе има и соодветна реакција од српската заедница. Но, прогласување независност на северот во овој момент не е тема, бидејќи ние пред се сакаме Косово да го задржиме во рамките на Србија.

Вели членот на белградскиот преговарачки тим Горан Богдановиќ, додвајќи дека во случај на независност на северниот дел, се испраќа порака до србите кои живеат во другите делови на Косово дека Србија не сака да води сметка за нив.

Едноставно, ние таквиот акт никогаш нема да го признаеме и нашите институции ќе го поништат. Впрочем со Уставот Србија како држава ги гарантира територијалниот интегритет и суверенитетот на целата своја територија.

Вели портпаролот на Демократската партија на Србија Андреја Младеновиќ.
XS
SM
MD
LG