Достапни линкови

Наместо да рефлектира стабилност, Македонија постапува обратно, коментираат аналитичарите


Наместо Македонија да рефлектира стабилност на политичкиотр процес пред се во законадвниот дом кога најмногу се очкуваше од неа во пресртет на финалните фази на подготовка ан зивештајот на Европската Комисија се манифестише обартното од она што се очкувањ комнираат анлитичарите По инцидентот во Собрнието и надвор од него употребата на физчката сила мегу партениците и нападот врз новинар и снимател екпертите оценуваат дека Ситуацијата е многу серизна не само поарди самиот акт на насислтво туку затоа што случувањата од оваа недела пртетствува кулманиција на процес кој трае велат Билјана Внковска од Институтот евро балкан.

„Значи, во очекување на оценката од Брисел и по однос на НАТО членството и членството во ЕУ бевме свесни за големите недостатоци и големиот период загубено време што го имаме зад себе. Овој последен бран на политички неред, уште повеќе ја зголемува нашата немоќ на контото во Брисел. Чинот на ескалација е она што ја згрози македонската и меѓународната јавност.“

Многу е битно каква ке биде завршницата вели полтикологот Дамјан Ивансовски и додава дека е најважно ке се регулира тензијата во Соранието И мегу партиските односи пред се во прламентот каде постојната агенда подлого време се потиснува од нерзбирливи дебати во Собранието

„Станува збор, за дури може да се каже, на сериозно прекршување на кондиционалноста на ЕУ, пред се во невозможноста да се обезбеди демократска атмосфера во парламентот која би одела во насока на она што го бараат од нас. Тоа ќе повлече и негативни оценки од НАТО, така што многу е важно каква ќе биде завршницата во наредниот период. “

Портпаролот на Владата Ивица Боцевски пак изјави

„Владата смета дека Собранието и овој пат ќе најде сили да ја надмине оваа ситуација.“

Но, не можеме да се надеваме дека Брисел ќе ни прогледа низ прсти, вели Ванковска:

„Да не се залажуваме, ова ќе биде запомнето иако ми се чини дека политичките актери сега ќе пробаат да испрата позитивна порака. Членството во ЕУ и НАТО мислам дека е од секундардно значење ако ние немаме демократија за себе, тогаш воопшто не ни треба лажна демократска слика за пред светската јавност.“

Во своите Рекциите на претствниците на ЕУ И НАТО ги осудија инцидентите посочувајки дека сето ова ја одадлечува земјава од евро атланските интеграции И ги поткопува напорите за прогрес.
XS
SM
MD
LG