Достапни линкови

Градот формира дополнителни комисии за утврдување на фактичката состојба


Поплаките на новите сметки добиени на име данок на имот не стивнуваат. Суми за неколкупати повисоки но и несоодветно и неединствено пресметани добија особено граѓаните на Скопје. Од градот појаснија дека поради недостиг од администрација еден дел од сумите не се утврдени преку увид на соодветната комисија која според новиот закон треба на терен да ја одреди точната површина и цената на чинење на имотот. На овој начин освен шокот што го предизвикаа сумите проблемот го зголеми и неинформираноста.

„Мислам дека е пет шест пати поголема.“
„Не сме информирани а се зголемува сметката,“


велат граѓаните на Скопје. Советничката во советот на градот Ирена Мишева вели дека околу ова прашање советот веќе расправал, па имајќи ги предвид бројните реакции на граѓаните донесена е одлука за формирање дополнителни комисии кои би ја утврдувале фактичката состојба со имотите на граѓаните.

„Се донесе одлука за формирање дополнителни комисии кои би работеле на утврдување на фактичката состојба, затоа што едно образложение беше дека нема доволно луѓе,“

вели Мишева

Од Градот велат дека се разбирливи поплаките на граѓаните но дека тие потекнуваат од несоодветното регистрирање на нивните имоти во УЈП која беше претходен надлежен за наплата на данокот на имот.

„Во 2006 година, значи една година по децентрализацијата податоците не беа средени според реалната имотна состојба на граѓаните, туку според други состојби. Многу граѓани не ја имаат пријавено промената на сопственоста и нашите служби се соочуваат со проблеми на пресметување на данокот според местото каде што се наоѓа објектот,“

вели Љупчо Пандиловски од град Скопје. Она на што сега градот работи вели тој е создавање нова база на податоци за даночните обрзници според новиот закон каде што треба реално да се наведе висината на чинење на имотот според неговата пазарна вредност а не според проценките на самите сопственици. Но наместо целата работа да ја завршат соодветните комисии за проценка, градот ги повикува граѓаните во своите простории да извршат корекција на податоците.
XS
SM
MD
LG