Достапни линкови

Работна група на владата го разгледува влијанието врз придонесите


Министерството за финансии ќе формира работна група за да го разгледа предлогот кој до владата го упати Мегународниот монетарен фонд за намалување на придонесите за пензиско и за здравствено осигурување за работниците со скратено работно време, но и на даноците за лицата со пониски плати. Владата изминатов период презеде повеќе актулени мерки, како што посочи за подобрување на економската ситуација во земјава, најпрво воведе рамни даноци, а деновиве ги намали Данокот на додадена вредност за лековите, јавниот транспорт, компјутерите, и ги зголеми платите за јавната администрација и пензиите. Но, според Мегународниот монетарен фонд токму преку намалувањето на придонесите за лицата со скратено работно време и даноците за оние со ниски плати, конкретно ќе се делува врз намалувањето на невработеноста. Портпаролот на Министерството за финансии Мартин Мартиновски за суштината на овој предлог вели:

„Се работи за прилагодување на износот на работни часови со давачките кон државата, се со цел тие да бидат конкурентни и да се направи либерализација на пазарот на работна сила.“

Од Министерството за финансии велат дека воведувањето на оваа мерка бара голема анализа за тоа како ова ќе се одрази врз полнењето на пензиските фондови, но и од аспект како тоа ќе се регулира имајќи го во предвид фактот дека во државава е потребна поголема контрола во делот на плаќањето на реалната цена за придонеси од примената плата. Сепак оттаму се согласуваат дека оваа мерка ќе придонесе за поттинување на вработувањето.

„И во таа насока, зголемената наплата на приходите ја охрабри македонската страна да започне со изработка на стратегија за целосна хармонизација на основиците на персоналниот данок на доход и социјалните придонеси што во основа подразбира намалување на даночното оптоварување на работната сила.“

вели Мартиновски. Во Македонија се плакаат едни од највисоките придонеси, велат упатените. 21 % вработените одвојуваат за пензиско, 9,2% за здравство, 1,6% се плака придонес за вработување и плус 12% персонален данок. Од Сојузот на Синдикати на Македонија велат дека главен проблем е што владата ги намалува обврските на работодавачите, а не конкретно на работниците.

„Сеуште во Република Македонија нема најниска цена на трудот, што значи не функционираат колективните договори и тука владата треба да се насочи преку колективните договори да ги регулира платите,“

посоочува Драги Јовановски од Правната служба на Сојузот на Сидникати.
XS
SM
MD
LG