Достапни линкови

Власта и опозицијата не сакаат да прогнозираат дали ќе се забрза процесот на постигнување договор


Откако претседателот Црвенковски вчера изјави дека ке се откаже од правото да предложи двајца кандидати за судскиот совет и дека ке ги прифати имињата за кои ке се договарат власта и опозицијата топката сега се префрли кај партиите. Министерот за правда Михајло Маневски претпаднево не сакаше да прогнозира дали тоа ке значи и забрзување на договорите

„Па јас не можам сега да прогнозирам каде е топката, меѓутоа очигледно оди од едно на друго место. Уште еднаш да потенцирам, по стоти пат ќе кажам, дека не смее да се прават опструкции за функционирањето на судските органи и реформите на судството во државата.“

Во врска пак со прашањето дали по овој потег на шефот на државата и владата планира да преземе чекор кој би ги забрзал реформите Маневски одговара - тие тоа го сториле први:

„Претседателот на Владата пред да излезе претседателот на државата даде повик за средба, којашто е прифатена и добро е што е така направено. Заради тоа што секако дека се оди кон тоа да се приближат ставовите и за кратко време да бидат избрани претставниците на Судскиот совет.“

Партиите чии преставници сега, на две недели пред извештајот на европската комисија треба да наогаат компромиси сеуште не сакаат да коментираат. Дали повлекување на претеседателот ке значи и побрз договор не одговорија од владеачките ВМРО ДПМНЕ и ДПА и од опозионата СДСМ. Пратеникот од ДУИ Азис Положани пак смета дека ваквата ситуација отвара нова можност за решавањете на проблемот но дека се ке зависи од свеста на партиите за постигнување на консензуален договор:

„Ние како ДУИ не сме имале посебно барање во однос на Судскиот совет. Ние сме имале принципиелен став, да се рефлектира структурата во составот на парламентот во поделбата на местата таму.“

Токму неколметираат судски совет кој работи во неполн состав веке девет месеци и поради тоа ги кочи реформите во правосудвото се очекува да биде посочен како најголем проблем во извештајот од кој зависи дали ке добиеме датум за почетокот на преговорите за влез во Европската Унија.
XS
SM
MD
LG