Достапни линкови

Конзервативната „Нова Демократија“ со „тенка“ победа


Победник на вчерашните парламентарни избори во Грција е конзервативната Нова Демократија. Костас Караманлис останува премиер, но според аналитичарите, прашање е дали поради тенкото мнозинство ќе биде силен лидер. Во опозициониот ПАСОК кој повторно изгуби почнуваат процедурите за избор на нов лидер. Партијата на Македонците Виножито се реши на апстиненција на изборите затоа што не успеа да обезбеди заеднички настап со ниту една од вонпарламентарните партии

На вчерашните парламентарни избори во Грција, владејачката конзервативна партија Нова демократија освои над 42 насто од гласовите или 153 пратенички мандати, од вкупно 300 колку што има грчкиот Парламент. Лидерот на Нова Демократија Костас Караманлис по изборите изјави.

„Вие го избравте курсот на земјата во следните години. Вие го избравте патот напред и и дадовте чист мандат на Нова Демократија да продолжи со промените, со реформите. Вие ни дадовте мандат за нов динамичен почеток и ние можеме да продолжиме порешително.“

Нова демократија сепак доби помалку од колку што имаше - 165 пратеници во сега веќе бившиот парламентарен состав. Најголемата опозициска партија Сегрчкото социјалистички движење ПАСОК освои над 38 проценти од гласовите или 103 пратечнички места. Крајно десничарската партија ЛАОС освои речиси 4 проценти од гласовите или десет пратенички места, додека Комунистичката партија има 21 пратенички мандат или 8 насто, а Левата коалиција ке има 13 пратенички места. Вусшност аналитичарите за овие парламентарни избори во Грција коментираат дека големите партии загубија дел од гласачите на сметка на помалите партии. Караманлис се покажа како издржлив политичар, кој и покрај пожарите и финансиските скандали ја задржува својата работа иако е прашање дали со тесното мнозинство во Парламентот ќе биде силен лидер, вели Алексис Папахелас уредник на конзервативниот Катимерини. Од друга страна Социјалистичката партија ПАСОК по поразот е на пат да западне во внатреполитичка криза, оценува грчкото радио „Скај. Лидерот на партијата Јоргос Папандреу веќе се изјасни дека ќе побара повторна доверба од раководството на партијата. Но, истовремено и Евангелос Венизелос изјави дека ќе се бори за претседателската позиција во партијата.
Во ПАСОК денеска започнуваат неопходните процедури за повторното изгласување лидер на партијата. Партијата на македонското малцинство „Виножито“ не учествува на грчките парламентарни избори. Имено, откако не успеа да договори заеднички настап со ниту една партија од вон парламентарниот корпус, „Виножито“ се реши да апстинира.
XS
SM
MD
LG