Достапни линкови

На краток рок доларот и натаму ќе губи, засилувањето за неколку години, очекуваат аналитичарите


Вредноста на доларот е се помала и помала. Овој пациент како што некои го нарекуваат никако да ја врати својата сила. Речиси секој ден има вест дека го достигнал најниското ниво во однос на еврото. Што велат аналитичарите до кога доларот ке ја губи вредноста во однос на другите валути, дали тоа воопшто може да се претпостави

Веке извесен период вредноста на доларот се намалува, има превирања на пазарот на недвижености во земјаат, намалување на бројот на кредити што се доделуваат и сето тоа се одразува на општата економска состојба. Аналитичарот Иан Стенард вели

„Ова е многу значаен настан и сугерира дека американската економија покажува реални знаци дека почнува да забавува. Има сугерирања дека сегашната криза ке трае подолго отколку што се очекуваше. И сето ова се одразува во движеањта на пазарот. Па ние треба да очекуваме уште помала вредност на доларот“

Со други зборови проблемот што започна во ризичната област со каматите за кредитте за недвижностите, се чини дека се шири и има влијание на економијата воопшто.
Се најавува намалување на каматите од страна на американската централна банка и федералните резерви. Состанокот е закажан за 18 септември. Но и кога ке се намалат каматите , аналитичарите укажуваат дека треба да се очекува доларот и понатаму да пага
Аналитичарот Џејмс Хјуџис од Лондон вели

„Јас мислам односот евро долар ке биде 1.40, бидејки ние сме многу блиску до тоа, тоа е неизбежно. Колку долго тоа ке треа е друго прашање.“

Аналитичарите се неподготвени да кажат колку и до кога доларот ке ја губи вредноста. Изгледите сепак не се розеви. Но има надеж. Сајмон О Хејли од Кепитал Икономикс од Лондон вели

„Гледајки многу, многу напред, и сега зборуваме за неколку години, може да се очекува дека доларот ке постигне добра вредност, можеби близу до 1.20“

Но за да се случи тоа, додава тој, потребно е средување на економската состојба воопшто.
XS
SM
MD
LG