Достапни линкови

Оставени сами на себе, за граѓаните секој ден е битка


Додека дискусиите за Ирак се фокусирани на состојбата на теренот, се заборава на секојдневниот живот на граганите, на фамилиите кои се оставени сами да се грижат за себе. За нив секој ден е битка

Седум месечната Нада е премногу мала за да разбере што се случува во нејзината земја и кои се последиците по семејството.

„Таа не прави срекни нас и себе си“

вели нејзината дваесетгодишна мајка Маха Ум Нада. Таа е една од четирите жени кои живеат сами во Багдад. Нејзиниот сопруг го напуштил градот откако бунтовниците му се заканувале и барале пари од него. Сега таа живее со нејзината мајка Суад и осумдесетгодишната баба Ал хаја Ум Салеем. Ум Нада вели

„Мојот маж е во Ирбил, сега ние сме четири жени сами, баба ми, мајками, јас и керка ми“

Бабаба и е вдовица повеке од 20 години. Нејзините двајца синови исто така заминале бидејки нивните животи биле во опасност. Кога некој ја прашува каде и се синовите, таа вели во божји раце
Суад има нешто помалку од 50 години и го загубила мажот во војната мегу Иран и Ирак

„Мојата мајка, јас, мојата керка и внуката, тоа се четири генерации. една од нас се грижи за останатите три, јас се грижам за нив“

Таа е единствената која работи, купува храна, а многу често нема доволно.
Наоколу се слуша само звукот на војната. Авиони, истрели...
Суад вели

„Тешко е, многу тешко, да се живее овдека“

Според податоците од ирачката организација околу 400 илјади жени во багдад се вдовици. Секоја добива во месецот по 34 долари ако нема деца, а оние кои имаат по пет или повеке деца добиваат по 81 долар месечно. Но и тие средства често доцна.
XS
SM
MD
LG