Достапни линкови

Како ќе се снаоѓаат болните?


Бројот на заболени од малигното заболување лимфон расте, посочува доктор Лидија Чевреска. Таа објаснува дека пред десетина години биле регистрирани 48 заболени од оваа болест, а денеска тој број изнесува 81.

„Инциденцата, трендот во Македонија е пораст на лимфонот за 80 проценти,“

објаснува Чевревска и додава дека само со адекватен третман и прецизна дијагностика може да се спречи оваа болест.

Додека бројот на заболени од рак расте, а со тоа и потребата од цитостатоци,од Бирото за лекови велат дека засега состојбата е нормална,но дека деновиве може да се очекува недостаток од овие лекови. Директорот Илчо Захариев вели дека тие не се одговорни во тој сегмент.

„Снабденоста со цитостатици е добра, може да се појави мал дефицит во наредните неколку дена, но бирото за лекови не е одговорно во тој сегмент, затоа што секоја болница има болничка аптека, има директор на болничката аптека и директор на клиниката и ние немаме надлежност затоа што тие имаа сопствени буџети,“

објаснува Захариев и додава дека Бирото за лекови објавило нов меѓународен тендер за набавка на цитостатоци.Овој тендер како што вели тој,ке придонесе за поголем избор на овие лекови.

„Генерално кај нас е поскапо од соседните земја. Кај некои цитостатици каде што имаше еден лек и монопол, сега ќе имаме неколку, ќе има конкуренција, очекуваме да паднат цените, а ние да го задржиме квалитетот,“

И од Здружението за борба против малигни заболувања-Нов Живот велат дека снабденоста со лекови за заболените од рак во државава е поволна. Виолета Ефтимова претседателка на здружението вели,дека заболените од оваа болест засега не дошле до ситуација да останат без терапија.

„Мислам дека се снаоѓаат луѓето, никој не останал без терапија.“

Во светот годишно се регистрираат околу 360 илјади нови случаи на заболени од оваа болест или 1000 нови заболени во текот на една година.
XS
SM
MD
LG