Достапни линкови

Малку даваат, повеќе земаат


Цените на мало во изминатиов месец во однос на лани се повисоки за 0,4 насто, а трошоците за живот повисоки за 0,6 насто. Порастот на цените за многу граѓани е поголем од платите, па корекцијата на Владата за нивно зголемување за десет насто не може да влијае врз зголемување на животниот стандард, сметаат многумина:

„Ваму ќе попуштат, ама на друго место ќе земат“
„На супер начин, знаат како некаде да смалат, а од друга страна да земат.“
„Сега се се покачува.“
„Сепак е олеснување, ако не беа овие десет насто секој ќе го почувствуваше поскапувањето“


Вредноста на потрошувачката кошница за исхрана и пијалаци за август е 10,432 денари и е повисока за 1,5 насто во однос на минатиот месец:

„Не стигнува само за храна и за сметки. Нема шанси да одиш во некој бутик и да се облечеш.“

Алекса Стаменковски професор од европскиот универзитет вели дека кога ќе се спореди динамиката на порастот на цените и платите, општ е впечатокот дека покачувањето не може значително да влијае врз условите на живот на нашите граѓани, но сепак дека корекцијата претставува реално покривање на тој пораст на цените:

„Имавме замрзнати плати 15 години. И сега овие корекции не може да не доведад на ниво на плати од 90-тите години. Меѓутоа, се отвора процес на усогласување на движењето на цените и заштита на животниот стандард на граѓаните.“

Бердир Положани, професор по економија вели дека преку 30 насто од населението живее во сиромаштија:

„Мало покачување, мислам дека треба да се ориентираат во друга сфера, не во покачување плати, на инвестиции, отворање нови работни места итн.“
XS
SM
MD
LG