Достапни линкови

СДСМ најави бојкот, ДУИ илјадници амандмани


Откако разви жестока полемика меѓу власта и опoзицијата, владиниот предлог закон за измени на изборниот законик денеска и пред пратениците во Собранието. Измените предвидуваат зголемување на бројот на пратениците во парламентот за 13 по принципот на гарантирани места за помалите етнички заедници и за дијаспората.

„Во делот на гласањето на дијаспората имаме само спроведување на нешто што е Уставно право. Уставот јасно вели дека секој државјанин на Република Македонија има право да гласа и да биде гласан. А, во делот на етничките заедници се овозможува вистинско функционирање на мулти етничкото општество во Македонија,“

образложува пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев.

ДУИ поднесе 4100 амандмани на предложените измени. СДСМ најави бојкот на расправата. Лидерот на партија Радмила Шеќеринска викендов го обвини премиерот и дека со измените сака да ја дели македонија по етничка линија за партиски интереси.

Политичкиот аналитичар Ненад Марковиќ смета дека во Македонија не е нов феномен да се гласа по етничка основа и дека оваа политичка култура која владее од првиот ден имала своја рефлексија во Охрисдкиот рамковен договор. Според него внесувањето во игра на малите етнички заедници би било фактор на политички баланс и инклинирање од моделот на бинационална држава.

„Дали сево ова значи бегање од граѓанска фржава? Не можам да одговорам затоа што ние сеуште не одговоривме како ќе го интерпретираме Охридскиот рамковен договор. Ако го интерпретираме либерално, како начин на адаптација на една етничка заедница кон правилата на игра и на тој начин нејзина акомодација, тогаш можеби во тој случај, да во некоја рака. Меѓутоа, не е резултат ниту на Охридскиот рамковен договор ниту на новите промени во изборниот законик. Тоа е резултат на политичката култура и начинот на кој се поставени односите. На ниво на етникуми се комуницира од ден еден,“

додава Марковиќ

Аналитичарот Ибрахим Мехмети вели дека за да може државата да профункционира како граѓанска треба најпрвин да се решат етничките недоразбирања и да зајакне меѓуетничката доверба.

„За да може да имаме граѓански концепт треба да ги решиме етничките проблеми, да се надмине недовербата, а тоа не може да се постигне со еден или два закони, туку тоа е процес за градење на односите во една држава.“

Но репенијата за меѓуетничките прашања треба да бидат такви што нема да создаваат нови приоблеми вели Мехмети.

„Се плашам дека концептот кој го следи овој предлог не води кон зголемување на довербата меѓу политичките чинители, затоа што начинот на којшто се одвива дебатата не е корисен за овој процес.“
XS
SM
MD
LG