Достапни линкови

Фондовите се важни поради заштита на инвеститорите, а ќе се стимулираат и домашните компании


Македонија е мегу последните земји во регионот во која што сеуште не профункционирале инвестициони фондови. Имено со старот на овие т.н. отворени инвестициони фондови помалите инвеститори и граѓаните наместо индивидуално да инвестираат на пазарот односно во хартии од вредност, тоа ќе можат да го сторат преку фондовите, при што ризикот е помал, а за натамошната нивна добивка ќе се грижат менаџери од фондот. За тоа која ќе биде придобивката за инвеститорите, Миа Зографска извршен директор на ИНОВО Статус инвестициониот фонд кој наскоро се очекува да профункционира на македонскиот пазар вели:

„Со професионално инвестирање од страна на професионални инвеститори со тоа би се овозможиле и нови информации односно би се збогатил целиот пазар на капитал во Македонија.“

Генерално за македонската економија функционирањето на првите инвестициони фондови е повеќе од потребно, бидејќи на овој начин ќе се намалат шпекулативните вложувања, посочува пак Александар Манев директор на инвестициониот фонд Илирика.

„Пред се ќе има заштита на инвеститорите од злоупотреба, од шпекулации и манипулации и ќе придонесе за натамошно стимулирање на македонскиот пазар. Значи ние како фонд ќе биде секако и маркет мејкери односно ќе купуваме акции од домашни комапнии, а преку тоа индиректно ќе го стиумулираме менаџментот на компаниите подобро да работат.“

Изјавува Манев.
Освен овие т.н. отворени фондови кои претежно инвестираат на пазарот за хартии од вредност постојат и приватни фондови кои што инвестираат во развој на компании. Главните пречки што во државава досега не беа регистрирани отворени кои ќе вложуваат во хартии од вредност, или приватни фондови кои би инвестирале во компании беше законската регулатива која неодамна претпре измени при што се намали висината на главнината за регистрација на овие друштва од потребните еден милион евра на 500-тини илјади. Во Министерството за финансии велат дека со измените на законот сега македонската економија може да смета на поголеми инвестиции:

„Значи преку нив субјектите кои што имаат потреба на капитал за зголемување на своето производство ќе можат многу полесно да дојдат до тој капитал споредбено со други финансиски институции како што се банките кои што нели можат да ги кредитираат компаниите, но условите се далеку поразлични.“

Вели Мартин Мартиновски портпарол на Министерството за финансии.
XS
SM
MD
LG