Достапни линкови

Изборниот законик нов извор на несогласувања


Јазот меѓу власта и опозицијата пред ново продлабочување предизвикано од зимените на изборниот законик кои откако ја поминаат владината процедура , сега ќе се најдат и пред опратениците во Собранието. Опозицијата најави бојкот на Собранието па дури и на изборите несдогласувајќи се со најновиот потег на власта. Лидерката на СДСМ рече дека оваа партија нема да учествува во дебатат во Собранието околу овој законик. Портпаролот на најголемата опозициона партија и денеска го потврдува ставот- во изборниот зкаоник за првпат во историјата на македонија се интервенира без консензус меѓу сите партии, дури и во 90 година предлагањето на изборен закон е правено со консензус помеѓу сите партии, велат од СДСМ.

„Единствен излез од ваквата криза е Никола Груевски да покаже дека не владее тоталитарно и апсолутистички е да го повлече изборниот законик,“

Вели портпаролот на СДСМ Емилијан Станковиќ

Демократската унија на Албанците поднесе 4100 амандмани на изборниот заклоик Претходна јавна дебата и консензус и според нив се неопходни пред да се повлече ваков потег.

„Ние предлагавме во Македонија да се отвори јавна дебата со тоа што сериозно да разгледаме варијанта што би била поприфатлива за сите граѓани. Во интрес на Собранието е да имаме дводомен парламент. Би требало да се донесе закон за избори со кој би се овозможило секоја етничка заедница да биде во горниот дом на парламентот,“

вели Рафиз Алити од ДУИ.

Иако не навлегувајѓи во содржината на зконските измени, Станковиќ од СДСМ вели

„Сметаме дека предлагањето да има загарантирани места за помалите етнички заедници всушност оди кон понатамошни поделби на Република Македонија. Тоа не оди во прилог на граѓанскиот концепт.“

Иван Стоиљковиќ од Демократската партија на Србите од Македонија пак вели дека со измените на изборниот законик се отворило најважното прашање во Македонија по Охродскиот договор кое нуди одговор на прашањето дали македонија сака да биде граѓанска и мултиртничка држава или ќе се федерализира како бинационална држава. Отварањето на проблемот меѓу т.н мали заедници за опфатност во новиот законик тој го смета за карикирање со оглед на наведеноста на петте заедници во уставот.

Премиерот преклу соопштение рече дека е разочаран од како што се вели деструктивното однесување на СДСМ и ДУИ о доставувањето на толкав број амандмани назаконските измени. Тој тоа го нарече силен удар врз граѓанскиот и мултиетничкиот концепт на државата и ги повика да ги повлечат амандманите.
Владата предложи на помалите заедници да им бидат дадени десет загарантирани места во парламентот на на македонската дијаспора да има три.
XS
SM
MD
LG