Достапни линкови

Начин на практична соработка за прашање од взаемен интерес


Европската унија на прв состанок со сите земји партнери што учествуваат во европската соседска политика. Бенита Фереро Валднер , комесар за надворешни односи на Унијата вели дека проектот-чии членови не се надеваат на вклучување во Унијата во догледно време- денеска е повеке начин за практична соработка за прашањата од взаемен интерес отколку туркање на политичката визија за интеграција.

Европската унија објави план за зајакнување на односите со нејзините соседи или земјите што се дел од европската соседска политика.

„Комисијата предложи нов систем на мобилно партнерство. Идејата е како што сугерира името, во фокусот на вниманието да биде заедничката одговорност на сите земји во предизвиците што произлегуваат од миграцијата. Значи тоа предвидува, борба против илегалната миграција и изнаогање можности за легална миграција од трети земји во европската унија“

изјави еврокомесарот за надворешни работи Бенита фереро Валднер која ја објаснува и целта на состаноците со овие земји

„Јас мислам дека главната цел е, прво дека ние од Европската унија ги слушаме земјите партнери. И тука не мислам само на критички забелешки, туку сакам да ги слушнам нив, кои се нивните интереси и идеи. Во суштина европската соседска политика е многу позитивна. Во исто време, јас мислам дека е добро тоа што земјите разменуваат идеи, тоа е рамка за билатералните односи.“

Во сите овие земји еден проблем е заеднички, почитувањето на човековите права и демократските стандарди. Но, во некои има напредок по вклучувањето во оваа политика. Сепак кон оваа политика се упатени и критики, бидејки останува на земјите да одлучат дали ке ги спроведуваат демокртаските стандарди за да имаат добивка или не. За оние кои не го прават тоа нема реални санкции

„Тоа секако е точно дека ние немаме исто ниво на влијание како што имаме кога зборуваме за земјите кандидати, бидејки овие земји подоцна сакаат да влезат во клубот со многу јасни правила, а другите остануваат надвор од него. Мислам дека станува збор за развој. Јас сум сигурна дека ние не можеме да го смениме ставот на секоја земја преку нок, но мислам дека со текот на времето тоа е можно.“

Откако се појави европската соседска политика во 2002 до денес има промени во концептот. На почетокот тогашниот претседател на Европската комисија Роамно Проди велеше, на овие земји ке им дадеме се, освен влез во институциите. Сега според Валднер е поинаку или, што можеме реално да понудиме, а тоа да го прифатат 27 земји членки на Унијата. Тоа објаснува таа, е така бидејки економската интеграција зависи од различниот степен на развој на земјите. На пример со Молдавија може да има некаков посебен третман, со други земји како Украина може да има договор во понапредна фаза, договор со можност за слободна трговија во иднина и слично.
XS
SM
MD
LG