Достапни линкови

Колку медиумски кампањи може да придонесат за успех?


Нема еден начин за успешна борба против корупцијата туку паралелно потребна е медиумска кампања но и спроведување на законите и поригорозни казни велат антикорпцинерите. Според Иљми Сељами член на антикорупцискта комисија капмањите за подигање на јавната свест се само еден начин да се стигне до целта

„Јас не знам какви ќе бидат и какви биле поранешните резултати од ваквите кампањи и какви ќе бидат резултатите од оваа кампања сега, но од нашето искуство, имаше една кампања до сега, се планира и друга кампања, секако помали, а резултати има.“

Дел од членовите на поранешниот состав на антикорупциаката комисја кои сакаа да останат анонимни пак коментираат дека во овој период не е потребно подигнување на јавната свест затоа што тоа го сториле тие пред неколку години. Според нив Македонија која е на 155 место од 163 земји во светот по корупција во моментов се наоѓа во фаза кога и е потребна работа.Сите грагани веке знаат колку е штетна оваа појава и сега е потребно да се открива и казнува велат поранешните антикорупцинери.

Кампањата не би дала никаков резлтат доколку правосудните органи не си ја вршат работата докрај-вели Сузана Салиу поптреседател на невладината организација Транспарентност Нулта корупција

„Во овој фронт главниот збор го имаат правосудните органи. Само со независни истраги, казни и судски одлуки ќе се постигне посакуваниот ефект. Сите корупциски скандали мора да имаат правен епилог во кој ќе се почитуваат човековите права. Само така ние ќе докажеме дека сме искрени во борба против корупцијата и дека сме правна држава.“

Премиерот Груевски вчера ја прмовира владината кампања Македонија без корупција и ги повика сите грагани да пријават барање мито на телефонскиот број 199.Салиу смета дека најважбно е што со кампањата се покажува политичка воља за справување со овој проблем.

„Зошто најкорумпираните луѓе, најкорумпираните афери се директно поврзани со власта.“
XS
SM
MD
LG