Достапни линкови

Експертите советуваат поголема претпазливост освен оценката дека ситуацијата е стабилна


Безбедносната ситуација во државата генерално е мирна е оценката на мисијата на ОБСЕ по случувањата во скопското село Танушевци и се почестите најави во овој период за можна радикализација на ситуациајта во земјава. Набљудувачи на ОБСЕ се на теренот и ја следиме состојбата, во селото не се забележани поголеми тензии, ни изјави портпаролот на ОБСЕ Сали Браутон:

„Главно ситуацијата во Танушевци е мирна. Нашите набљудувачи кои беа на теренот не забележаа тензии во селото. Локалното население е смирено, само неколку семејства 11 или 12 луѓе го напуштиле селото и не е забележнао никакво насилство или сомнително движење на групи во тој реон. Нашите набљудувачи и граничната полиција непречено си ја вршат работата без никакви проблеми. Освен еден мал истрел што се слушна близу границата, нема други препукувања.“

Вели Браутон. Ситуацијата во Танушевци од каде стигна пораката преку поранешениот пратеник Џезаир Шаќири за припојување на селото кон Косово, и кој тврди дека формирал Воен штаб односно дека неколку вооружени групи се под негова контрола, ја следат и во Европската Унија. По најавите од Шаќири дека специјалци на МВР реагирале во селото, во канцеларијата на Европската Унија во земјава велат дека немаат забележано полициска акција, а воедно за тоа добиле гаранција и од Министерството за внатрешни работи. Во меѓувреме во МВР ја повторуваат оценката која произлезе од неодамнешниот Совет за безбедност дека безбедносната состојба е стабилна. Велат, оценката во моментов е реална и не се потценува:

„МВР ниту ја потценува, ниту пак има намера да ги потценува евентуалните закани кои би стигале по безбедносната на Република Македонија, туку напротив ги реално ги согледува работите на теренот онакви какви што се.“

Посочува Иво Котевски портпарол на МВР. Експертите пак оценуваат дека во моментов станува збор за издвоени криминални групи кои што се обидуваат да ја радикализацираат ситуацијата. Иако според нив има одредни кризни моменти, нема можност за посериозен отпор. Но, имајќи ги во предвид и случувањата околу косовскиот статус, институциите треба да бидат попретпазливи, порачува Благоја Марковски претседател на Балканскиот форум за безбедност:

„Би сакал ние да бидеме по активни на тој план и да се преземаат соодветни мерки затоа што Македонија неможе да биде индифирентна по основ на тоа што се случува на Косово и што ќе се случува во иднина.“

изјавува Марковски.
XS
SM
MD
LG