Достапни линкови

До 2009 година сите компании кои произведуваат храна треба да имплементираат ХАСАП систем


Воведувањето на ХАСАП системот во фирмите веке е законска обврска која до 2009 та година сите компании кои се занимаваат со производство на храна треба да го имплементираат.
Русе Стефаноски сопственик на кланица вели дека откако го вовеле овој систем на работа, квалитетот на производите се подобрил.

„Со тој систем, веќе имаат подруга култура вработените внатре, затоа што системот предвидува и казни,“

вели Стефаноски и додава дека овој систем не само што треба сите да го воведат туку и треба да се одржува.

Гоце Панов,продавач и одржувач на машини за производство на сувомесни производи објаснува дека поради економските проблеми и застарената опрема кај некои фирми,потешко се применува овој систем

„Старите машини најчесто се по 20 – 30 години, од фирми кои непостојат, па се доста проблематични. Новата технологија кај нас е достапна, значи може да се купи, цените се високи, затоа што каматните стапки се неповолни, а лизинг компаниите не нудат добри услови за купување,“

вели Панов и додава дека токму застарените машини се причина за лошиот квалитет на крајните производи.

„Тоа е технологија што се користела пред 30 години, кога и хигиенските услови биле други. Тогаш ги немало овие материјали, имало посебна пластика која не испушта отрови, според тоа и крајниот производ не може да биде ист.“

Александра Марковска управител на Фуд Консалтинг која се занимава со имплементација на интернационални стандарди, посочува дека
токму немањето на ХАСАП системот е една од пречките на фирмите за извоз на нивните производи.

„ХАСАП значи дека производите имаат поголем квалитет и шансите за извоз се поголеми,“

објаснува Марковска.

Споредувајки ја состојбата во државава со земјите кои сеуште го немаат воведено овој систем, таа вели дека Македонија е чекор понапред во воведувањето на овие стандарди.

„Во Босна можам да кажам дека се на почеток во однос на нас. Албанија е на почеток, но одат со брзи чекори напред. Во Србија немам јасна слика што точно се случува.“

ХАСАП е систем на работа кој е превентивен и кој служи сите опасни ситуации по здравјето на консуматорот да се отстранат или да се сведат на прифатливо ниво за време на производството, преработката или складирањето на прехрамбените производи.
XS
SM
MD
LG