Достапни линкови

МВР не може да даде став на граѓански иницијативи и референдуми тоа е прашање на други структури


Прашањата за граѓански иницијативи и референдуми се за друга структура. Министерството за внатрешни работи не може да дава став за такви прашања, ние може да дадеме оценка само за безбедноста, изјави за Радио Слободна Европа министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, по најавата на поранешниот пратеник Џезаир Шаќири дека жителите на Танушевци наскоро ќе организираат референдум за присоединување кон Косово.

„Ние за безбедноста оценка дадовме вчера во рамките на Советот за безбедност. Во моментов не постојат индикатори кои сериозно би ја нарушиле безбедносната состојба на Република Македонија. Сепак во контекст на регионалните случувања и финалниот статус на Косово, ги следиме сите случувања, со особено внимание на последните настани кои што се случија во регионот.“
XS
SM
MD
LG