Достапни линкови

Подобро е насочување кон економски развојна политика наместо социјални мерки, оценуваат експертите


Подобра варијанта би била кога владата би се насочила кон економска развојна политика, како креирање на нови работни места и поттикнување на производствени капацитети, наместо мерка која во себе повеќе содржи социјални елементи. Коментираат економските експерти по одлуката на владата за зголемување на платите на вработените во јавната администрација за 10 отсто годишно и на пензиите кои за три години се предвидува да пораснат за 20 отсто. Економскиот експерт Петрит Положани истакнува:

„Треба да се оди на креирање на работни места, значи треба да се развиваат тие економски компоненти кои што ќе стиумилираат отварање на работни места. Значи подобра и поуспешна варијанта би била оваа.“

Смета Положани. Иако доминира социјалниот елемент, експертите развојната компонента во мерката за зголемување на платите и пензиите ја гледаат во зголемувањето домашната потрошувачка. Професорот Томе Неновски од Американскиот колеџ објаснува:

„Би требало зголемувањето на платите би требало да има некакво позитивно дејство врз зголемување на потрошувачката, преку потрошувачката зголемување на општата побарувачка во земјата, а тоа би требало да значи зголемување на стоки кои што ги произведуваат домашни производители, а во оној дел кој значи зголемување на домашната побарувачка би требало да значи креирање на нови работни места, соодветен дел, а колкав ќе биде, ќе видиме.“

Професор Неновски предупредува дека ваквата мерка мора внимателно да биде испланирана поради можноста да предизвика буџетски дефицит, имајќи ги предвид и сега преголемите трошоци во него за пребројната администрација, како и повисока инфлација:

„Посебно од аспект на големината на парите во оптек кои што ќе бидат насочени кон таа потрошувачка и како тоа ќе се амортизира од аспект на порастот на цените, тоа е ризикот на мерката. Нели, ако не е добро испланирана мерката би можело да дојде до пораст на инфалицијата во поголем обем од она што би требало да биде.“

Зголемувањето на платите за 10% на повеќе од 108 илјади лица вработени во државната администранција ќе предивика трошок во буџетот, од каде ќе се исплаќаат средствата, меѓу 2,7 и 3, 5 милијарди денари. Од владата уверуваат дека сепак буџетскиот дефицит ќе остане на ниво од 1,5 отсто, а наспроти ставувањата на експертите, власта информира дека првично инфлацијата би останала на проектираните 2 отсто.
XS
SM
MD
LG