Достапни линкови

Во последно време, обид да де покаже дека Иран соработува со агенцијата за атомска енергија


Во последно време дел од иранската стратегија е да покаже ека соработува со Мегународната агенција за атомска енергија со цел да го одложи усвојувањето на нова резолуција со санкции од Советот за безбедност на обединетите нации поради нуклеарната програмата. Досега од оваа стратегија има резултати, смета Гери Сејмур директор на студиите во Советот за надворешни односи во Вашингтон.

Се претпоставува дека без мониторинг од Мегународната агенција за атомска енергија на реакторот во Арак во Иран постои ризик да почне да се произведува плутониум. Гери Сејмур директор на студиите во Советот за надворешни односи во Вашингтон вели дека во моментов тоа и не е баш така, бидејки се потребни уште многу години да се заврши реакторот и да почне целосно да функционира. Тоа е поважно во политичка смисла, бидејки Иран се обидува да ја ослаби и одложи следната резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации со тоа што ке демонстрира соработка со мегународната агенција за атомска енергија, а дел од иранската стратегија е и да и даде на Агенцијата поголем пристап до нуклеарните објекти кои се во изградба како Арак. На прашањето дали со тоа Иран се обидува да избегне санкции Сејмур вели

„Токму тоа, бидејки некои од земјите во Совеот за безбедност укажаа дека не сакаат да помине уште една резолуција со санкции што ке ја наруши соработкаат мегу Мегународната агенција за атомска енергијаи Иран. Па, Иран понуди да ја подобри соработката со цел да даде причина да се одложи следната резолуција од советот за безбедност. Досега од оваа иранска стратегија има резултати, бидејки петте постојани членки на Советот се согласија да го одложат разгледувањето на следна резолуција до септември“

Воспоставувањето на санкциите, велат некои експерти не помага многу. Според нив некои земји не можат да се натераат да ги изменат своите планови со воведување санкции. За тоа колку и дали ке има ефекти од санкции и земјата да се натера да прекине да работи на нуклеарната програма, Сејмур објаснува дека Иран има многу проблеми кога станува збор за економсакат состојба кои немаат врска со санкциите, но оти се верува дека санкциите можат да помогнат да се постигне ситуација која ке биде во корист на оние сили во Иран кои сметаат дека треба да се прекине привремено нуклеарната програма со цел да се дојде до мегународни преговори

„Сега дали таа стратеегија ке успее или не, ние не знаеме“

Аргументот е дека првите две резолуции со санкцции не се доволни и дека е потребно повторно да се усвои нова со цел навистина да има резултати. Очигледно додава тој, Иран сака да ги избегне дополнителните санкции и затоа превзема чекори и соработува со мегународната агенција за атомска енергија да ги спречи или ослаби следните резолуции со санкции.
XS
SM
MD
LG