Достапни линкови

Информации за граѓаните по телефон за личните документи


Министерството за внатрешни работи потпиша договор за отварање на повикувачки центар. Услугата на операторот на повикувачкиот центар се состои од примарно давање информации на граѓаните за потребните документи и процедури за издавање на лични документи и закажување термини за поднесување барања,објаснува Иво Котевски, портпарол на МВР.

„Услугата е предвидено да се дава преку бесплатен телефонски број со префикс 0800, кој ќе го обезбеди и финансира МВР,“

вели Котевски и додава дека давателот на услугата треба да има минимум 12 телефонски линии кои на почетокот треба примаат по 1000 повици на ден, а за оние повици кои нема да се одговорат ќе треба да ги пренасочуваат кон говорен автомат.

„Бројот на линиите треба да се планира за идно приширување и до 3,000 повици на ден. Бројот на оператори кои треба да работат во центарот ќе биде шест, а по потреба ќе може да се зголеми до 12.“

Од Министерството за внатрешни работи велат дека давателот на услугите ке треба еднаш неделно да доставува извештај до МВР за процентот на опслужени повици,а еднаш месечно за работата на операторите.

Некои од граѓаните се скептични за работата на повикувачкиот центар.Тие велат дека нема да се намалат големите редици и турканици.

„Тешко, пола саат чекаме, 419 број ни дадоа.“
„Се зависи од шалтерските работници.“
„Не сум оптимист.“


Додека пак некои се со позитивно мислење.

„Нормално ќе биде подобро ако биде телефонски.“
„Вака се прават многу турканици и мислам дека ќе биде подобро.“


Договорот за отворање повикувачки центар е потшишан со фирмите „Бомас“ и „Тороне“ од Скопје чија заедничка понуда е во вредност од околу 250 илјади денари.Повикувачкиот центар ке работи од Понеделник до Петок од 8 до 20 часот, а во саботите ке работи од 8 до 16 часот.По работното време повиците ке бидат пренасочувани кон говорниот автомат.
XS
SM
MD
LG