Достапни линкови

Пациентите кои одат на дијализа страхуваат за своите животи


Три пати неделно по 4-5 часа Спиро Мицовски поминува на апарат за дијализа. Тоа е единствениот начин да го продолжи животот. Од квалитетот на дијализата зависи и квалитетот на неговиот живот, па оттука и многубројните стравови.

„Најмногу не плаши тоа што апаратите веќе се при крај, секојдневно се расипуваат и доколку не се набават нови, ќе биде катастрофа со диајлизата во Македонија. Се случува порано исклучување на пациенти.“

Овој страв Мицовски го темели на искуството Во нашите центри често се користат лоши дијализери, вели тој, па често од дијализа излегуваме во уште полоша кондиција.

Радмила Богдановска 7 години живее со овие незивесноти. Таа вели дека преку тримесечна депресија го надминала првиот шок дека ќе биде врзана за апаратот но со голем дел од шоковите се соочила дури подоцна кога тргнала на дијализа во центарот во Чаир.

„Тоа се подрумски простории. Самата атмосфера внатре убива, а треба да живееш. Фотељите се веќе расходувани, а ние уште седиме на нив и не се доседува пет часа.“

Освен тој во Чаир, во Скопје има уште три центри за дијализа но за најмалку 40 пациенти од главниот град недостасуваат апарати па тие мора да бидат препратени во Струга каде што некои остануваат одвоени од своите семејства и по повеќе од една година. Радмила Богдановска која за подобрување на условите за овие пациенти се бори и како претседател на здужението –Евробубрег- , вели дека слушнала за квалитетни апарати и материјали кои се употребуваат во други земји но за наши услови за итно решение го смета отворање на уште еден центар за дијализа во Скопје како и набавката на нови апарати, особено што бројот на ваквите пациенти се зголемува.

За нови центри и нови апарати во минситерството не зборуваат. Тие зборуваат за своите планови, во оваа сфера тоа е воведување на јавното приватно партнерство на центрите за дијализа.

„Јавно приватно партнерство ќе биде почетен проект којшто ќе видиме како ќе функционира една година и ќе видиме како ќе се развива подоцна,“

вели заменик минситерот за здравство Владо Лазаревиќ.

Ова решение на страната на пациентите одекнува како зголемена неизвеснота.Освен тоа што ќе мора да се направи усогласување на овој проект со законот не се знае како тој ќе функционира во пракса и каков квалитет на услуги ќе понудат новите газди.
XS
SM
MD
LG