Достапни линкови

Не сум оптимист за новите разговори меѓу Белград и Приштина


Не сум оптимист дека новите разговори меѓу Белград и Приштина ќе доведат до нешто ново, вели Даниел Сервер, потпретседател на Центарот за мир и стабилност во постконфликтните општества, што е под покровителство на американскиот институт за мир.

Двете страни треба да подготват стратегија за она што би следувало по сто и дваесет дневните преговори, односно доколку на нив не биде постигнат успех, наведува Даниел Сервер, кој верува дека така и ќе биде:

„Не сум многу оптимист дека од тие преговори ќе произлезе нешто ново. Би бил среќен да грешам. Можеби Приштина и Белград имаат стартегија што ќе направат доколку разговорите пропаднат. Морате да имате јасна, организирана алтернатива како преговарачка солуција.“

Вели Сервер, кој не ја исклучува можноста за конфедерација меѓу Србија и Косово, но во иднина, односно од кога ќе биде решен конечниот статус на Косово.

„Тоа е една од старите идеи, спомнувани безброј пати. Пишувавме за тоа пред шест години. Можни се разни модалитети во идните односи меѓу Косово и Србија, но тоа ќе се регулира по решавањето на статусот.“

Според Даниел Сервер и додава дека би бил изненаден доколку во иднина не дојде до низа специфични договори меѓу Србија и Косово. Оценувајќи дека во целокупните односи меѓу Москва и Вашингтон, Косово е споредно прашање Сервер и со свое мислење зошто Русија се противи на косовската независност.

„Причината лежи во резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации и треба да се каже дека Милошевиќ и Србија беа многу интри пред осум години кога, по интервенцијата на НАТО инсистираа на резолуција на Советот, а не на некој вид мирпвна спогодба. За да се смени резолуцијата дванаесет четириесет и четири сега на Вашингтон и Брисел им треба Москва.“

Вели Даниел Сервер кој смета дека освен во Советот, постои и уште една можност, а тоа е Приштина еднострано да прогласи независност. Но, како што вели, не е се во прогласувањето, туку во тоа дали ќе биде признат косовскиот суверенитет. ,,Косово и порано прогласувало незвисност, но суверенитетот се добива со признавање од другите суверени држави,, заклучува Даниел Сервер, потпретседател на Центарот за мир и стабилност во постконфликтните општества.
XS
SM
MD
LG