Достапни линкови

Конкретни резултати на теренот нема, се се сведува на реторика, оценуваат експертите


Благ но сепак пораст на невработеноста, слабиот успех на полето на привлекување нови инветсиции, недоволната еконосмка активноста ја продлабочуваат сиромаштијата а реални подобрувања на полето на животниот стандард не можат да се почувствуваат проценуваат економитите и граѓаните.

„Мислам дека сега е потешко. Голема е невработеноста.“
„Сиромаштијата е зголемена, а поскапување ќе има на лебот, на млечни производи.“
„Катастрофа е.“


Професорот Абдулменаф Беџети вели дека во реалниот живот сеуште не се отсликуваат ниту некои подобрени економски индекси а препораките и стратегиите за намалување на сиромаштијата што ги донесуваат властите се повеќе се претвораат во реторика.

„Очигледно е дека после една година се гледа дека нема конкретен резултат на теренот. Почетните резултати дека имаме поизразен раст не се отсликува во секојдневниот живот на граѓаните, а податоците последни за првото тромесечие сепак покажуваат дека има одреден благ раст и состојбата се влошува. Кај на се повеќе станува реторика отколку нешто конкретно.“

Податоците на заводот за статистика покажуваат постојан раст на индексот на сиромаштијата во земјава. Поскапувањето на основните животни намирници и особено последното поскапување на лебот , според беџети посебно загрижува а Владата треба неопходно да вложи напори да ги заштити најсиромашните слоеви од овие поскапувања.

„Владата мора да направи одредени напори да го штити тој слој, преку разни социјални политики за да ги задржи цените барем на некои основни намирници,“

вели Беџети.
XS
SM
MD
LG