Достапни линкови

Повик на воздржување од активности на двете земји што би го отежнале решавањето на спорот


Американскиот Стејт Департмент вчера уште еднаш повтори дека ги поддржува разговорите меѓу Македонија и Грција околу прашањето за името. Притоа, повика на воздржување на секоја активност на двете земји која би го отежнало решението на спорот.

На вчерашната прес конференција во Вашингтон, портпаролот на Стејт департментот Том Кејси уште еднаш повтори дека американската администрација би сакала да дојде до решение на спорот со името меѓу Македонија и Грција.

Според нашите гледања на односите меѓу земјите во регионот, како што знаете, ние многу ги поддржуваме фразговорите меѓу Грција и Македонија околу прашањето со името со посредство на Обединетите нации. Ние секако би сакале да да видиме решение за тоа. Мислиме дека тоа е од интерес на двете земји.

Кејси ова го изјави во врска со резолуциите во Конгресот, а во кои се повикува Скопје да ја запре, како што беше наведено, државната пропаганда против Грција. Се прецизира дека на третти овој месец сенаторот Боб Менендез претставил таква резолуција во Сенатот и оти пред три месеци таква резолуција имало и во Претставничкиот дом на Конгресот. Запрашан за ставот на американската администрација за ова вели:

Не сум запознат со легислативата. Сигурно е дека не постои таква изјава на администрацијата.

Изјави заменик портпаролот на Стејт департментот Том Кејси, наведувајќи дека тоа најдобро можат да го објаснат спонзорите на резолуциите.

Во меѓувреме, секако ние би сакале да ги видиме двете земји меѓусебно да се договараат на цивилизиран и пријателски начин и да се воздржат од секаков вид акција која ќе го отежне постигнувањето договор за прашање што е од големо важност за двете земји.

Изјави на вчерашната редовна прес конференција во Вашингтон го изјави заменик портпаролот на Стејт Департментот Том Кејси.
XS
SM
MD
LG