Достапни линкови

Политиката не се откажува од правото, оценуваат експертите


Протестите на членовите и симпатизерите на социјал демократите пред судот за време на распитот на Бучковски и соопштенијата и прес конференциите на другите партии кои потоа ја коментираа одлуката на судот преставуваат некој вид на политички притисок врз судството оценува професорот од правниот факултет Никола Тупанчевски

„Да не си и во кожата на судиката којашто требала да решава по овој предмет. Навистина уште еднаш во Република Македонија се покажува дека правото и политиката како да одат рака под рака. Од една страна, ако ги земете воопшто собирањата пред судот да се толкуваат како револт, заради непочитувањето на нормите. Од друга страна, тоа на некој начин може индиректно или директно да влијае врз самиот случај.“

Потпреседателот на Социјал демократскиот сојуз Јани Макрадули политизирање и притисокот врз судството во овој процес го лоцира уште на почетокот. За тоа ја обвинува владеачката ВМРО ДПМНЕ.

„Ние само застанавме во одбрана на она што се вика заштита на правото, човековите права, презумпцијата на невиност, се она што во изминатиот период се крши од ВМРО-ДПМНЕ.“

Дали СДСМ е среќен што првообвинетиот Бучковски за кого обвинението е прифатено ќе се брани од слобода, а второ и трето обвинетите ќе бидат во притвор-ова два дена по одлуката на судот на прес конференција го изјави Валтко Ѓорчев од ВМРО ДПМНЕ. Тупанчевски вели дека и ваквите прес конфренции се притисок врз судството

„Прес конференциите што се одржуваат ја отежнуваат работата во докажувањето на вистината.“

Оливер Шамбевски пратеник во собранието од редовите на ВМРО ДПМНЕ ги отфрла ваквите мислења.

„Апсолутно не се согласувам дека е притисок врз судството, затоа што вчера и кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 ја донесе истата одлука што ја донесе истражната судијка. Значи, ако ова беше притисок, тогаш немаше да биде ваква каква што е одлуката.“

Вчера со свои коментари во јавноста излегоа и помалите партии кои се дел од владеачката коалиција. Ставот на социјалистите е дека одлуката на судот е резултат на политичкиот притисок кој што го извршил СДСМ и го повикаа Судскиот совет да го преиспита целиот процес. ПЕИ пак оцени дека случајот со Бучковски е обид опозицијата да наметне политичка криза.
XS
SM
MD
LG