Достапни линкови

Постои ли опасност од избувнување судири од пошироки размери на југот на Србија?


Постои ли опасност од избувнување судири од пошироки размери на југот на Србија, имајќи предвид дека решението на статусот на Косово влезе во завршна фаза. Ова прашање повторно се актуелизира, особено по саботната пресметка меѓу припадници на српската полиција и маскирани вооружени лица на патот Лучане, Кончуљ при што загина еден од нив.

Претседателот на Окружниот суд во Врање Драган Стефановиќ вели дека се уште се работи на откривање на напаѓачите и оти во тој дел на Србија од порано била позната криминалната таканаречена Кончуљска група која вршела многу разбојништва.

„Јас само би ве потсетил дека и во минатата година, во истиот овој период имаше сличен напад. Поточно, биле запрена колона возила, луѓето биле малтретирани, по што им биле одземени парите.“

Вели Стефановиќ. Од друга страна потпретседателот на општина Бујановац Јонуз Муслиу кој и самиот бил жртва на нападот на магистралниот пат Лучане, Кончуљ наведува дека очиглено постојат луѓе на кои не им е од интерес да се одржи стабилноста во Прешевската долина. Тој, сепак смета дека најголемата одговорност за ваквите настани ја сноси токму полицијата.

„Мислам дека оваа група не е од сега. Беше и пред две години. Каде беше тогаш полицијата. Ние веќе гласавме да имаме мултиетничка полиција која навистина треба да воведе мир во Прешевската долина.“

Со оглед на тоа што последниот инциден доведе до нова напнатност во општина Бујановац, се отвори и прашањето дали постои опасност тензиите кои владеаат меѓу српската и албанската заедница на Косово да се пренесат и во Прешевската долина.

„Мислам дека инцидентите кои се случуваа во последно време, вклучувајќи го и најсвежиот на подрачјето на Кончуљ во овој момент не се дел од една офанзива која би требало да произведе политички ефекти. Проблемот е во тоа што моменталниот модел на одржавувањето на стабилноста е низа на компромиси во која главниот збор го имаат албанците.“

Вели воениот аналитичар Александар Радиќ, прецизирајќи дека тој модел не можа да претставува цврста гаранција доколку албанските екстремисти решат да преземат некои конкретни вооружени акции. Горан Ташковиќ од Демократската партија во Бујановац не ја исклучува можноста дека последниот настан бил поврзан со решавањето на конечниот статус на Косово.

„Симптоматично е што сега, кога расправата е поврзана за статусот на Косово, се случува ова. Можно е да постои некоја поврзаност.“

Вели Ташковиќ. Потпретседателот на општина Бујановац Јонуз Муслиу пак, смета дека постои начин за решавање на сложената ситуација на југот на Србија.

„Мислам дека е потребно поголемо влијание од страна намеѓународната заедница и заедно да го решиме проблемот и албанците и србите.“
XS
SM
MD
LG