Господине Васкопуос, неодамна предизвикавте реакции во Македонија со објавувањето на документот од пред 85 години, со кој Грција го признава македонскиот јазик. Се надевам дека реално овој факт им бил познат на македонските власти во преговорите со името?
Ги прочитав и јас изјавите на врвот на политичката елита во Македонија преку македонските мас медиуми и претпоставувам дека логично би било овој документ да биде познат, бидејќи од наша страна, ние веќе го имавме објавено и порано, преку нашата веб страница.
Познат е вашиот став дека треба да ги остварите своите права во земјата во којашто живеете и дека не сакате да барате никаква политичка поддршка од Македонија. Сепак, какво е вашето мислење за спорот со името?
Без разлика дали тоа е проблем меѓу Македонија и Грција или проблем меѓу било која држава, или држава и еден дел од граѓаните на една друга држава, или едно малцинство како што сме ние, бидејќи и на нас ни се оспорува правото да бидеме македонско малцинство, ние го почитуваме до крај принципот на самоопределување на поединецот и колективитетот. Според тоа, сметаме дека и Република Македонија и било која држава и било кој народ има право да го бира името што ќе го носи.
Дали се сменија односите со официјална Атина по чекорите што ги презема владата во Скопје, за преименување на аеродромот, антички статуети пред владата?
За жал, политичките структури во Грција гледаат со очите на едно минато време, односно гледаат на малцинствата, впрочем тоа го прават и со грчките малцинства во Турција и Албанија, како проширена рака на нивната држава и на таков начин размислуваат и кога треба да се соочат со фактот на почитувањето и признавањето на македонското малцинство во Грција. Тие континуирано аргументираат за некои експанзионистички аспирации од страна на македонската држава кон Грција, но во целата аргументација им фали компонентатата македонско малцинство во Грција. Со други зборови, сакам да кажам, еднаш грчка репрезентација би можела да стои на меѓународни рамки и да се иразри на таков начин. Да, јас се плашам дека во иднина бидејќи постои македонско малцинство во Грција, ако оваа држава, како независна држава го носи името Македонија, се плашам бидејќи мојот северен регион го носи името Македонија дека јас ќе се соочам со експанзионистички политички. Но, тоа не го велат, бидејќи ако тоа го кажат, тогаш одговорот од структурите не може да биде друг освен – почитувај ги целосно правата на малцинството како што предвидуваат меѓународните стандарди за да немаш други проблеми. Е во тој контекст го става малцинството и грчката политика и грчката национална идеологија што со децении е кроена по ова прашање.
Заедно со Стојков од ОМО Илинден Пирин бевте во САД на средби со конгресмени и сенатори. Дел сте и од слободната европска алијанса. Колку поддршката од странските фактори ви помага во борбата за човекови права во Грција?
Странските фактори, меѓународните институции се некој вид политичка перница, да кажам, што ги амортизира обидите за отворена дискриминација и мерки на притироск против малцинствата. До таа граница, драгоцена е помошта од странските институции бидејќи во други услови, ние веруваме и знаеме дека можеше да ја имаме судбината на нашите татковци и дедовци. Но, сепак натамошното демократизирање, решавањето на проблемите на македонското малцинство, како во Грција, така и во Бугарија нема да зависат од тоа како меѓународниот фактор ќе пристапи кон овие прашања, туку колку овие две држави ќе се демократизираат и конечно нивните политички елити и структури ќе се реформираат, ќе направат идеолошка реформа и ќе го прифатат македонскиот идентитет и колективитет како реалност. Кога тоа ќе стане, тогаш полесно ќе може да зборуваме и за имплементација на малцински права во Грција и Бугарија.
Велите, кога ќе се демократизираат овие држави. Може ли нешто да го забрза нивниот процес на демократизирање?
Па, тоа е наша должност и токму тоа ние го правиме. Ние настојуваме со сите демократски сили во нашите држави, конкретно во Грција, ние настојуваме на континуирана соработка со сите прогресивни Грци, и заеднички со нив настојуваме да ги убедиме поголемиот дел од граѓаните да си го сменат мислењето и да чекорат кон иднината без предрасудите од минатото.
Се зголемува ли бројот на прогресивните Грци и оние коишто малцинствата ги перцепираат различно?
Сега, според нашата политичка анализа, ние сметаме дека за жал, последните години се има конзерватизирано грчкото општество. Тоа е резултат на поголема дискусија и на општото образование, начинот на кои делуваат масовните медиуми, школите, високите образовни институции, црквата, значи сите овие фактори кои влијаат на јавното мислење. Сепак, има гласови кои се погласни во таа насока последните години, но сметаме дека сеуште ја нема таа критична маса, што ќе може ефективно да делува и да ја турне Грција, односно да ја извади од ќорсокакот во кој се наоѓа последните години, кога станува збор за македонското прашање, но и пошироко.
Се намалуваат ли притисоците врз вас со текот на годините, или сеуште се на исто ниво?
Па видете, во почеткот на 90-тите имаше при организирање на македонски прослави брутални интервенции на полицијата. После, имавме една друга фаза, кога не одеше директно грчката држава тоа да го спречи, туку преку пара државни разни институции се обидуваше да спречи било каков начин на изразување на македонскиот идентитет. А, сега, третата фаза е малку пософистицирана, наместо да се праќаат разни пара државни структури, преку медиумите се настојува да се маргинализират, оцрнат, активистите и луѓето кои изразуваат поинаква идеологија од официјалната кога станува збор за малцински и национални прашања. И токму тоа е нашата борба, и нашата цел, сега во идните години, ако можеме да излеземе од маргинализацијата што настојува да не остави грчката држава со своите институционални и пара институционални прганизации и структури и ако можеме да го омасовиме како нашето движење, така и кругот на демократски граѓани кои ќе не поддржат во нашата борба.
Го промовиравте и второто издание на абецедарот, може ли да се најде во книжарниците. Каде всушност може да го купат Македонците?
Да, да, може да се најде во книжарниците и во Солун и во Воден и во Лерин и секако преку нас, и ние го дистрибуираме како „Виножито“ заедно со бирото на малку застапуваните јазици и грчкиот комитет на тоа биро во Грција, едни од креаторите на овој буквар, што мислам дека наиде на позитивни оценки од барем тие Грци што може да мислат демократски.
Колку „Виножето“ во досегашното дејствување успеа да се наметне како политички субјект во Грција?
Ова е многу убаво прашање. Токму тука лежи зајакот, што велиме народно. Нашата насока сега е да ја подобриме сопствената структура и да го прошириме нашето движење и колку што е можно да добиеме поддршка не само од македонското малцинство, туку и од умни наши Грци сограѓани. Мислам дека од идеолошка гледна точка ние сме на добра позиција и можеме рамноправно да им парираме на било која политичка структура во Грција. Од друга страна, веќе имаме стекнато реноме и почит и од релевантните европски институции и организации што се одговорни за малцинските прашања. Ние сме членови на федералната унија на националните малцинства во Европа, редовно го посетуваме Стразбур, Брисел, ОБСЕ, па дури и структурите на ОН во Женева и пошироко. Така што, на меѓународен план се повеќе се знае за присуството на македонското малцинство во Грција и во Бугарија. На домашен план чувствуваме дека имаме доволно голема сила на идеолошки план да можеме да им парираме на националистичките и конзервативни размислувања на политичките структури во Грција. Тоа што ни останува сега е наметнување на политичката сцена, не како маргинализирано малцинство или движење, туку како рамноправен политички субјект што има што да им понуди на крајот на краиштата на нашите грчки сограѓани за доброто на државата во којашто живееме и за доброто на Европа.
Имавте идеја за формирање на свое радио. До каде е реализацијата на таа идеја?
Па, работиме и на тоа поле. Односно, да може да влеземе затоа што постои една конспиративна логика во Грција, ние сме тотално исечени, нашите соопштенија, декларации и активности или никогаш нема да бидат прикажани, било од медиумите на локално или национално ниво, или селективно ќе бидат прикажани како активности на некои анти грчки елементи, кои провокативно настојуваат да создадат проблеми што не постојат во Грција.