Достапни линкови

Колку општините може да се справат со елементарни непогоди?


Општините чекаат пари од централната власт за да можат поуспешно да се справат со пожарите и други елементарни непогоди. Засега особено непоготвени за вонредни ситуации се руралните општини вели градоначалникот на Маврово Ростуше Фуат Дурмиши.

„Како пример, општина Маврово Ростуше нема своја противпожарна служба, туку ги користи услугите на соседните општини, Дебар и Гостивар. Но, тие додека стигнат на теренот на нашата општина, ќе се случи тоа што се случи. И длабоко верувам дека новите, особено рурални општини не може да се справат со поплави, пожари и други елементарни непогоди,“

вели Дурмиши и додава дека пари се потребни и за организација на локалното население бидејки како што објаснува и на лугето кои ке се вклучат во гасењето треба да им биде платено

„Замислете вие, учествувате во такво нешто. Треба да се вратите дома, тргнувам од основното, треба да се измиете, исперете, сепак тоа се трошоци за домашниот буџет.“

Морално и организациски и во актуелната состојба со пожарите покажавме дека сме подготвени да се справиме со елементарни непогоди-тврди градоначалникот на Куманово Зоран Дамјаносвки

„Материјално техничките услови не ни овозможуваат широк дијапазон на делување. Затоа упативме барање до Владата за обезбедување на техничките услови, значи набавка на нови возила, црева, компресори итн.“

Од владата пак велат дека осовремувањето на техничките средства го разгледувале и на владина седница

„Беше одлучено, специјална владина група од повеќе владини министри да ги разгледа потребите и можностите за осовременување на противпожарните бригади во Република Македонија, кои се веќе децентрализирани на локално ниво. Веќе беше решено да се набави цистерна од 20 тони, две против пожарни шумски возила и две против пожарни навални возила,“

вели портапаролот Ивица Боцевски и додава дека била земена во предвид и можноста и за формирање на повеке терторијални против пожарни единици.

„Дирекцијата за заштита и спасување ќе ја разгледа можноста за формирање територијални против пожарни бригади таму каде што има потреба и евентуално јакнење на нејзините капацитети како централно тело на владата за справување со овие кризи.“
XS
SM
MD
LG