Достапни линкови

Последиците од пожарите допрва ќе се чувствуваат


Пожарите што деновиве ја зафатија државава може да предизвикаат еколошка катастрофа, велат од еколошкото друштво Македонски зелен центар. Тие велат дека како последица од пожарите се уништува растителниот и животинскиот свет, а исто така, негативно влијае и на атмосферата:

„Не само од економски аспект се последиците. Има многу загубени видови. Пожарите испуштаат ЦО2, што влијае врз климатските промени,“

вели Столе Георгиев, раководител на проекти и вели дека ќе побараат од владата средства од буџетот за покривање на последиците од пожарите:

„Ние ќе покренеме иницијатива за преземање мерки за дополнителни издвојувања средства од државата за вакви против пожарни мерки.“

Според извештајот на македонскиот центар за животна средина кој секојдневно се доставува до Центарот за управување со кризи покажува дека во некои делови од државата постои зголемување на јаглерод диоксид:

„На мерните места во Карпош, Лисиче, Ректорат, Кичево, Тетово, Кочани, Кавадарци и Лазарополе и во Велес била над максимално дозволената концентрација.“
XS
SM
MD
LG