Достапни линкови

Лиценци за таксистите и еднонасочен сообраќај, најавува градоначалникот Дамјановски


Голем број автомобили, тесни улици, паркирани возила по пешачките патеки, непочитување на сообраќајните знаци, по неколку сообраќајки дневно го пресликуваат сообраќајниот метеж во Куманово. Градоначалникот Зоран Дамјановски најавува надминување на овој проблем:
„Ќе направиме лиценцирање на такси возилата, со што дефинитивно ќе елиминираме диви таксисти.“
Вториот проект е еднонасочно регулирање на сообраќајот и нови паркинзи
„Во централното градско подрачје некаде околу 12 километри ќе бидат еднонасочни, со што ќе се створат нови паркинг места, ќе се направат места за такси возила и ќе се намалат турканиците и загадувањето.“
Ова има и негативна страна:
„Поголем број од возачите ќе треба да кружат повеќе, но се е во интерес на решавање на сообраќајниот метеж и помало загадување.“
А, за моторџиите кои во сиот метеж се посебна приказна, Дамјановски со став:
„Законот за внатрешни работи не е направен на локално ниво, комплетна одговорност има МВР, а гледате што се случува во Куманово и МВР треба да преземе поригорозни мерки за спроведување на законската регулатива.“
XS
SM
MD
LG