Достапни линкови

Повеќе од 2,500 посетители по информации за ЕУ


Во изминатите три месеци информативниот центар на секретаријатот за европски прашања го посетиле повеќе од 2500 граѓани. Иако интензитетот на посетите е намален во летниот период, сепак инфо центарот во кој граѓаните може да побараат какви било информации околу Европската Унија, ја оствари својата мисија, вели Димитар Стојановски од секретаријатот за европски прашања.

„Начините на коишто ги сервисираме граѓаните се или со директно одговарање или им асистираме, ако има некоја информација на Интернет.“

Како работат институциите на Европската Унија, каква е регулативата на Унијата во некоја област, што ќе добие земјата од влезот во европското семејство. Тоа се најчесто поставуваните прашања од граѓаните посочуваат од инфо центарот.

„Се случува често да дојдат студенти или средношколци коишто работат семинарски работи или проект, најчесто поставуваат прашања за ЕУ, некогаш едноставни, некогаш посложени.“

Дел од граѓаните што ги сретнавме велат дека центарот го посетуваат од љубопитство. Најголемиот дел од граѓаните велат дека се интересираат за тоа што Македонија ќе добиедоколку стане членка на Унијата, но има и такви кои се свесни дека нашето членство таму подразбира многу работа.

„Историјатот комплетен, и развојот и перспектива на ЕУ.“
„Ние како да влеземе.“
„Да видам како изгледа.“
„Најмногу ме интересира што значи производство на здрава храна.“


Некои од граѓаните центарот го посетуваат и за да ги користат книгите од библиотеката . Таму секој посетител ги има на располагање и најтиражните дневни и неделни весници од Европската Унија.
XS
SM
MD
LG