ДУИ го откажа учеството на денешната средба, на која по покана од премиерот Груевски требаше да учествуваат и претставници од СДСМ, чиј лидер Шеќеринска, уште вчера ја отфрли ваквата идеја:
„Нема да учествува ДУИ на вакви средби. Ние и до сега сме биле јасни дека треба да се почитува она што е договорено.“
вели Рафиз Алити, потпретседател на ДУИ.
Претходно, не се реализира ниту идејата, сите лидери на парламентарните партии во Клубот на пратениците да разговараат за деблокирањето на судските реформи. Тогаш, присуството го одби ДУИ. Целта на средбата, според ВМРО-ДПМНЕ е да се расчистат дилемите што во јавноста ги отвори СДСМ околу тоа што било договорено на средбата Груевски – Ахмети, на кои пак не учествуваа тие. Експертите велат дека причините зошто премиерот не може да се сретне со сите, е затоа што дијалогот се води во Клубот на пратениците:
„Зошто не се собираат, бидејќи знаат дека освен дадениот збор ништо друго не ги обврзува во Клубот на пратеници и знаат дека што и да одлучат не мора да помине во парламентот. Која е гаранцијата дека листата закони што ја договорија ќе помине во парламентот?“
вели професорката од правниот факултет Гордана Силјановска.
Со ова се согласува и аналитичарот Алберт Муслиу, кој дополнителна причина бара и во политичкиот маркетинг на партиите:
„Мое мислење е дека не успеваат зашто се работи за закони кајшто не секогаш сите партии имаат исто мислење и ставови. И тие однапред ги објавуваат тие ставови преку медиумите.“
вели Муслиу и додава:
„Некои работи штом се прават само од две страни, може да се коментираат на различни начини. Ние веќе еден месец препукување меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ за резултатите на политичкиот дијалог.“