Достапни линкови

Полицијата и возачите со различни погледи околу примената на законот


Законот за безбедност на сообракајот на патиштатата е стапен во сила веке два месеци но од полицијата информираат дека со казнување почнале од почетокот на овој месец затоа што им оставиле на возачите период на адаптација во кој делеле само опомени.

„Генерално, сообраќајната полиција започна со засилени мерки за безбедноста во сообраќајот и изрекување на санкциите,“

вели портпаролот на министреството за внатрешни работи Иво Котевски.

Од кога беше донесен законот пак една од мерките кои предизвикаа најмногу внимание во јавноста е забраната возачите на мотори кои имаат дозвола помалку од две години да не смаат да возат во нокните часови односно од 23 часот до пет наутро. Исто така на нив им е забрането да управуваат мотори со поголема силина.

Наспроти тврдењата на полицијата дека законот во пракса се применува ригорозно Ленин Јовановски член на клубот на моторџии „Ноќни Волци“ вели дека на улиците не забележал поголеми контроли

„Не, не сум забележал искрено, како учесник во сообраќајот дека има на одредени пунктови контроли. Ако да речеме, прошетате навечер низ паркот ќе видите многу деца, без искуство коишто и понатаму возат.“

И еден скопски таксист кој најголем дел од времето како што вели го поминува возејки автомобил тврди дека не почуствувал поголемо присуство на полицијата

„Апсолутно, нема никакви контроли. Нема контроли за моторите, има и трки со мотори. Не се спроведува воопшто новиот закон.“

И двајцата велат дека го подржуваат овој закон и очекуваат конкретна примена во пракса поради нивната безбедност но и безбедноста на сите кои учествуваат во сообракајот вклучувајки ги и пешаците.

„Од аспект на човек којшто вози мотор, можеби една таква мерка е добра, затоа што сепак би требало да има ограничување и не е сеедно кога човек ќе се качи како почетник на мотор со помала или поголема кубикажа.“
XS
SM
MD
LG