Достапни линкови

Фокусот во наредниот период треба да биде конфискација


Судењето на Методија Смиленски кој веке е во затворот во Шуто Оризари за случајот со Експорт Импорт Банка според најавата ке почне на 10 јули. Истовремено против него се очекува да се покренат уште неколку други судски постапки бидејки се сомнева дека учествувал во фиктивните стечаи на околу 40 фирми. Според кривичниот законик освен затворската казна која што би ја добил можна е и конфискација на неговиот имот со што тој би се вратил повторно во сопственост на државата. Но професорот по кривично право Ѓорѓи Маријановик вели дека вообичаено оние против кои се води судски процес се побрзи од правдата и имотот кој што бил на нивно име го префрлуваат на други лица

„Тие употребуваат недозволени средства и не бараат дозвола од никото. Правдата мора да исполни некои стриктни норми. Вие не можете некому да упаднете дома, ако немате налог за претрес, а судот не издава налог за претрес на жими мајка. Криминалците се секогаш, не еден, туку неколку чекори пред правдата.“

Но адвокатот Драган Малиновски кој беше член во поранешниот состав на Антикорупциската комисија вели дека постојат и други начини освен конфискацијата да се одземе имотот на оние за кои судот ке утврди дека го стекнале на криминален начин и со тоа да се обештетат оштетените. Тој посочува дека според кривичниот закон државата може имотот кој што бил во нејзино владение а бил отуген нелегално повторно да си го врати во своја сопственост

„Ако вие имате осудителна пресуда, а имотот остане кај сторителот или неговото семејство, вие не сте ја задоволиле правдата и тоа може во некои ситуации да се јави како стимулативна практика за сторителите. Значи, фокусот во наредниот период мора да се насочи кон конфискацијата,“

вели Малиновски и додава дека анализирајки ја досегашната практика на судовите тие не работеле во насока на вракање на имотот:

„Може да забележиме дека судот генерално беше фокусиран кон изрекување на санкција на обвинетиот, а делот што значеше конфискација и обесштетување беше во втор план.“

објаснува Малиновски.
XS
SM
MD
LG