Достапни линкови

Потребен е регионален пристап за решавање на проблемот, сметаат експертите


Бројот на кривични пријави за поседување на нелегално оружје во 2006 е намален во однос на 2005 година, но и покрај помалиот број на пријави, количините на запленето оружје се поголеми, информираат од Министерството за внатрешни работи

„Врз основа на споредбите на активностите спроведени во 2005 и 2006 година, забележано е намалување на бројот на откриени дела за 30 насто, но за сметка на помалиот број откриени дела, во однос на запленетите количини на оружје се бележи зголемување за 39,2 насто,“

изјави Иво Котевски од МВР

Оружјето во македонија главно влегува од границата со Албанија и северната граница во делот со Косово

„Но, тоа не е единствениот извор и единствената маршута каде што се набавува оружјето. Најползуваната маршута е Турција, Бугарија, Србија со продолжение кон југо западна Европа,“

изјави Благоја Марковски од балканскиот безбедносен форум.
За да се надмине овој проблем или да се намали шверцот со оружје потребни се координарни заеднички акции на институциите во земјава со оние од земјите од регионот

„Решенијата се во комбиниран метод кој ќе содржи соработка на владините институции со институциите на владите од соседните држави, значи регионален пристап кон решавање на овој проблем,“

Изјави Владимир Пандовски од Националната асоцијација за оружје кој додава дека се потребни и поинтензивни активности во земјава. Тој предлага формирање на национално биро за оружје кое ке биде надлежно за борбата против нелегална трговија со оружје, а и за легалните форми на оружје, како оружјето кое е во сопственост на граганите, на агенциите за обезбедување и слично. Со таква контрола ке се олесни борбата против нелегалната трговија со оружје или било какви злоупотреби од оние кои се легални сопственици, вели Пандовски.
XS
SM
MD
LG