Достапни линкови

Трите земји наредната година ќе добијат покана за членство во Алијансата, оценија претставниците


Македонија, Хрватска и Албанија наредната година ќе добијат покана за членство во НАТО, оценија денеска во Скопје претставници на парламентите на трите земји:

„Парламентарната и државата соработка меѓу овие три земји е навистина добра. Така што колку што е Хрватска поблиску до НАТО, толку се поблиску и Македонија и Албанија. Колку повеќе се лобира за членството на Албанија во НАТО толку повеќе се лобира и за Македонија и за Хрватска. И колку што Македонија е поуспешна во реформите и поблиску до НАТО толку се поблиску и другите две земји. Така што шансите се добри и се надевам дека следната година ќе ја добиеме поканата.“

изјави Влатко Горчев претседалел на собраниската комисија за одбрана и безбедност. Добивањето на покани за членство за трите земји наредната година на самитот на алијансата во Букурешт ќе биде резултат на успешниот проект Јадранска група:

„Треба посебно да се нагласи дека амерканско јадранската повелба е исклучително добар пример за успешна регионална соработка која стартуваше пред четири години, а догодина ќе резултира со добивање покани за Македонија, Хрватска и Албанија.“

изјави Крешимир Чосич, претседател на хрватската делегација во парламентарното собрание на НАТО. Дека станува збор за успешна соработка вели и Леонард Деми кој пак е претседател на албанската делегација во Собранието на НАТО:

„Соработката со нашите македонски колеги во рамки на Јадранската повелба е интенззивна, сега доагаат и пораки дека ке добиеме покани за членство. Ова многу значи за стабилноста во регионот, за земјите поединечно.“

Американската амбасадорка во земјава Џилиен Миловановиќ пак ги потсети трите земји на обврските:

„Првиот член на Јадранската повелба ги обврзува земјите од А-3 групата да ги интензивираат реформите со цел безбедност и просперитет на регионот. Пред неколку дена тоа од тирана го порача и американскиот претседател Џоџ Буш.“
XS
SM
MD
LG