Достапни линкови

Не е одбран вистински момент


Право на секоја политичка партија е да поднесе барање за гласање доверба на Владата, но СДСМ требаше да почека и да не го прави овој чекор сега кога Македонија ја очекува веста од американскиот претседател Џорџ Буш дека земјите од Јадранската група ке добијат покана за членство на наредниот самит на НАТО во Букурешт, оценува стручната јавност. Не е одбран вистинскиот момент, бидејки утре во парламентот ке има расправа за доверба на владата, а со тоа позицијата на Македонија на средбата со Буш ќе биде ослабена. Некои од меѓународните претставници со сличен став, право е на партиите да покренуваат вакви иницијативи, но сепак треба да проценуваат во кој момент ке го направат тоа имајки ги во предвид државните интереси. Од канцеларијата на Европската унија пак се воздржуваат од коментар.

„Една порака до сите, барем до добивањето на поканата, треба да се заборават и партиските и личните и другите нетрпенија или конкуренција. Но, пред се да се има државата и нејзиното асоцирање во НАТО и ЕУ и безбедносна стабилизација на регионот пошироко. Преземање на чекори кои не оддалечуваат од интеграциите не водат кон стабилизација на регионот,“

изјави професорот трајан Гоцевски од Институтот за одбрана при Филозовскиот факултет во Скопје

Од СДСМ сметаат дека расправата за доверба на владата нема да ја ослаби позицијата на земјава ако се има капацитет на демократски начин да се решаваат проблемите

„И ова е легитимен чин, сметаме дека во овој момент Република Македонија е во политичка криза. Ние со ова барање сакаме да ги расчистиме работите во коалицијата,“

изјави потпретседателот на СДСМ, Јани Макрадули.

Премиерот Никола Груевски по објавата на информацијата истакна дека ВМРО-ДПМНЕ нема од што да се плаши, не сме ја загубиле поддршката и парламентарното мнозинство, знаеме што мислат граганите за нашата работа, изјави Груевски.
XS
SM
MD
LG