Достапни линкови

Експертите велат дека лошата инфраструктура покажува не ефикасно трошење на овие средства


Експертите од областа на економијата се сомневаат дека секогаш средствата што ги добива Македонија од меѓународните финансиски институции како ММФ и Светската банка се користат за тоа за што се наменети:

„Самите состојби во економијата, ако направиме кратка анализа на Коридорите, комуникациите, инфраструкутрата, неможе да не наведе на заклучок дека досега имаме нивно ефикасно користење како предуслов за економски развој. Може да се видат како примери неизградените коридори кон Бугарија, или целосно запоставена инфраструкутра во источниот дел на земјата, така да се гледа дека земјата немала успех на тој план.“

Изјави Зоран Ивановски професор на Европскиот универзитет. Секој проект е посебна приказна, некаде средствата се искористуваат повеке, а некаде има и злоупотреби, вели Михаил Петковски професор на Економскиот факултет во Скопје кој додава:

„Впечатокот во јавноста е, а и од оделни реакции на самите кредитори, произлегува дека досега Македонија не ги користеше на најоптимален начин средствата за кои се разбира плаќа и камати и кои го оптеретуваат буџетот на земјата.“

Само од Светската банка од 1994 година па досега Македонија има добиено 700 милиони долари. Последниот аранжман кој и е доделен на земјава од оваа мегународна финансиска институција е во висина од 20 милиони долари и е наменет за Коридорот 10, со тоа како што велат од светската банка ке и се помогне на Македонија да го забрза движењето на луге и добра до и од земјите од Европската унија. Предвидено е македонија да започне да го врака овој заем во период од 17 години, но не веднаш, туку по 5 години. Мартин Мартиновски од Министерството за финансии вели дека овие средства се од голема помош за земјава и додава:

„Донаторите или кредиторите се постајно вклучени во проектите, од нивниот почеток, па до нивното завршување, така што на тој начин се избегнуваат сите манипулации.“
XS
SM
MD
LG