Достапни линкови

До инвестиции со економска дипломатија?


Економската дипломатија е еден од начините за привлекување на странски инвестиции во земјава, воедно и за подобро нејзино претставување пред државите. За тоа како ќе се одвиваат овие активности објаснува Шпреса Јусуфи од министерството за надворешни работи

„Почнавме со активности, значи сите наши претставништва се инструирани да определат по еден од вработените, имајќи го предвид големината на амбасадите, кој ќе се занимава со економската дипломатија. Истовремено амбасадорите треба да остварат контакти со десет фирми месечно.“

Со одлука на владата пак шест лица од агенцијата за привлекување на странски инвестиции од јануари наредната година ке бидат овластени за промовирање на Македонија. Тоа ке го прават по шест месеци во различни региони, на пример шест месеци во земјите од средна Европа, потоа шест во земјите од регионот и слично.

Таа укажува дека ова е само еден сегмент и оти за резултати ке бидат потребни активности и на други надлежни институции во земјава. Резултатите од дипломатските активности не се лесно мерлива категорија вели Јусуфи и додава

„Она што дипломатијата може да го направи е да ги оствари првите контакти, да се слуша нашето име, но резултатите останува да ги слушаме од бизнис заедницата.“

Од Сојузот на Стопански комори сметаат дека економската дипломатија ке биде од голема помош, но дека парлалелно ке мора да се работи во земјава на подобрување на бизнис климата, сузбивање на корупцијата, функционирање на судството и слично. Никола Ефтимов од сојузот вели

„Сето тоа мора да биде проследено со сите реформи кои беа најавени. Целиот план инаку ќе биде несериозно поставен.“

Дека за резултати од економската дипломатија е потребно да се спроведат реформите, смета и Борко ханџиски советник за економски прашања во канцеларијата на Европската унија во Скопје. Предуслов за овој вид на дипломатија е фактот да има што да се промовира

„Сите оние фактори кои определуваат добра бизнис клима да се исполнети или подобри од конкурентите, во нашиот случај, регионот,“

изјави Ханџиски.
XS
SM
MD
LG