Достапни линкови

Американскиот ракетен штит и статусот на Косово топ теми на агендите


Во Москва денеска во одвоени посети престојуваат американскиот државен секретар Кондолиза Рајс и шефот на германската дипломатија франк Валтер Штајнмаер во својство на преседавач на Европската Унија. Целта на посетата на Рајс е да се надминат растечките разлики меѓу Вашингтон и Москва, а топ теми се американскиот ракетен штит во Европа и статусот на Косово. Штајнамер пак во Москва ке се обиде да создаде услови европско – рускиот самит во Самара на 17 и 18 мај да биде успешен.

Посета на Кондолиза Рајс на Москва доага во време на тензични односи меѓу двете земји, вели политичкиот аналитичар на Херитаџ фондацијата во Москва Евгениј Волк.

„Јас мислам дека односите меѓу двете земји се најтензични во последниве 20 години откако Горбачов дојде на власт и започна новата ера на размислување во надворешната политика.“

Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс, која синоќа допатува во Москва се состанува со Претседателот Владимир Путин, како и со министерот за надворешни работи Сергеј Лавров и потпретседателот на владата Сергеј Иванов. Рајс изјави дека е подготвена да работи на надминување на несогласувањата кога станува збор за против ракетниот систем во Европа и косовското прашање. Претседателот Путин кој се противи и за двете прашања објави и дека се повлекува од клучниот договор за разоружување што е разбрано како возвратен чекор за анти ракетниот штит. Шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер пак денеска во Москва е во функиција на европско рускиот самит неделава во Самара чие одржување беше доведено во прашање поради многуте несогласувања кои ги блокираа преговорите за Партерските односи. Пред се станува збор за енергетската политика, за отворањето на рускиот пазар, спорот за увоз на месо од членките на Унијата, и ветото на Полска. Штајнмаер во врска со престојниот самит изјави.

„Ке биде тежок самит, но ќе го одржиме. И се надеваме дека ќе дојдеме до договор за подрачјата кои се важни за Европската Унија, како климатските промени, енергетската безбедност, образованието и истражувањата.“

Меѓутоа проблем има и со европските забелешки на степенот на развојот на руската демократија. Руските забелешки за реакцијата на Унијата во однос на преместувањето на споменикот на советскиот војник во Талин. Еве што во очи европско рускиот самит во Самара изјави рускиот амбасадор во Брисел Владимир Чизов.

„Многу луѓе во Русија, мегу нив и јас, беа благо речено збунети од реакциите на Европската Унија за овие настани. Би рекол дека тука имаше елементи на хипкризија.“

Европското – руските односи, како впорочем и руско – американските се оптоварени и со различните погледи за статусот на Косово.
XS
SM
MD
LG