Достапни линкови

Вообичаена судска постапка


Вообичаена судска постапка, вака стручната јавност накратко ја оценува првата недела од судењето во Хаг за случајот Љуботен за кој се обвинети љубе Бошкоски и Јохан тарчулоски. Карактеристики досега се контрадикторите изјави на сведоците и нивното долго испрашување. Наместо предвидените осум до десет сведоци на обвинителството за минатата недела, беа испрашани само тројца, родителите на загинатиот Рами Јусуфи и заштитен сведок. Судењето продолжи денеска повторно со заштитен сведок

„Судењето во Хаг, за обвинетите господа Бошковски и Тарчуловски има нормален тек. Се очекуваше дека не може да постигнат да ги испрашаат сите предвидени сведоци што обвинителот ги предвидел,“

изјави адвокатот Јован Јоанидис

Гордан Калајџиев професор по кривична постапка на Правниот факултет во Скопје смета дека процесот засега се одвива коректно

„Нема изненадувања. За нас е важна процедуралната коректност. Битно е да им се пружа еднаква шанса на двете страни и тоа за сега се случува.“

Од досегашните рочишта може да се види дека сведоците давале едни искази на хашките истражители кои доаѓаа во Македонија непосредно по конфликтот, а други пред хашкиот суд.

Стручната јавност укажува дека контрадикторните изјави на сведоците се вообичаени за вакви судски процеси, на Судот е да оцени кои од доказите ќе бидат земени во предвид при одлучувањето

„Се што е дадено пред суд, а тоа е и пред истражителите е релевантен доказ и судот е тој што цени дали исказот од претходната постапка или на главниот претрес е поверодостоен или не. Дали сеќавањето на самиот настан било подобро тогаш или сега, тоа е нешто многу суптилно.“

вели Јоанидис.
XS
SM
MD
LG