Достапни линкови

Македонија не е под меѓународен притисок за името


,,Доколку, под претпоставка, не се донесе нова резолуција за Косово, а една, две, пет или 8 повлијателни членки на НАТО и ЕУ позитивно пристапат кон новиот очекуван статус на Косово, мислам дека тоа ќе ни даде една добра можност и Македонија сериозно да ја разгледа таквата постапка,, - Ова е одговорот на шефот на Македонската дипломатија Антонио Милошоски за Радио Слободна Европа за време на посетата на Прага на прашањето дали Македонија ќе ја признае независноста на Косово без резолуција на Советот за безбедност а доколку тоа го сторат Соединетите Држави и дел од членките на ЕУ. Во врска со разните препораки за потребата од решавање на спорот околу името со Грција, Милошоски во интервјуто за Слободна Европа изјави дека Македонија не трпи меѓународен притисок за ова прашање, и поради самиот факт што 115 држави не признаа под уставното име. Станува збор за искрени добронамерни препораки, а земјата е готова на билатерален план да ги надмине разликите околу името со Грција, рече Милошоски.
XS
SM
MD
LG