Достапни линкови

Разговори со претставници на УНМИК


Mисијата на Советот за Безебедност изутрината ја започна посетата на Косово чија цел е информирање за состојбата и спроведувањето на резолуцијата 1244 на Обединетите Нации. Делегацијата вчера беше во Белград. а на враќањето кон Њујорк, во Виена вечер ќе разговара со Марти Ахтисари за планот за идниот статус на Косово.

Мисијата на Советот за Безбедност на Обединетите Нации во Приштина разговара со преставниците на УНМИК на Кфор и косовските институции. Потоа во агендата е посета на Грачаница и Косовска Митровица, Орахвац, Пеќ состаноци со општините и преставниците на локалните срби. Јохан Вербеке шефот на мисијата на Советот за Безбедност во Белград изјави дека целта на турнеата во Брисел, Белград, Приштина е собирање на информации а не и одлука за идниот статус на Косово.

„Предлогот на Ахтисари е токму тоа – предлог, кој како таков му е предаден на Советот за Безбедност на разгледување. Советот го проучува и тој предлопг и сите извештаи и тоа е една од причините зошто оваа мисија е пратена пред да се разгледува предлогот. Ние дојдовме да собереме податоци и не сме тука заради носење на одлука. Тоа ке биде направено подоцна во Њујорк, а јас не можам да преудицирам каква ке биде таа одлука.“

Во предлогот на специјкалниот пратеник Марти Ахтисари се наведува набљудувана независност на Косово. За косовските власти планот на Ахтисари е прифатлив, но не и за Белград. Мисијата на Советот за Безбедност се запознала со српскиот предлог за надгледувана автономија на Косово, рече шефот на мисијата Јахан Вербеке.

„Можам да потврдам дека премиерот Воислав Коштуница дополнително ги артикулираше идеите и своите предлози кои се однесуваат на надгледувана автономија за Косово. Тој детално елаборираше. Ние добивме и писмен документ за надгледуваната автономија кој ќе го проучиме и ќе го однесеме во Њујорк на натамошно разгледување.“

Делегацијата на Советот за безбедност на Обединетите Нации по посетата на Косово ке отпатува за Виена каде што вечер ќе се состане со специјалниот пратеник на Обединетите Нации Марти Ахтисари.
XS
SM
MD
LG