Достапни линкови

Само 20 насто Хрвати очекуваат повеќе полза отколку штета од влезот во ЕУ


Истражувањата покажуваат дека само дваесет насто од хрватите очекуваат повеќе полза отколку штета од влегувањето на нивната земја во Европската Унија. Хрватскиот евроскептицизам, според аналитичарите, се темели главно врз импресии и симболични мотиви.

Станува збор за страхувањето за сопствениот суверенитет, ксенофобијата и исклучивиот национализам, оценува социологот Александар Штулхофер кој додава дека хрватите се особено чувствителни на европскиот космополитизам:

„Накратко, се покажа дека рационалните фактори не постојат. Постојат оние симболичните како што е затвореноста во сопствениот, малку фобичен национализам. Тука е и нашата перцепција на тоа како функционира системот околу нас.“

Бидејќи не постои единствен модел на хрватскиот евро скептик, владата во Загреб, според социолозите, во идните месеци ќе мора да развие повеќе стратегии со цел подобро да ги информира и да ги придобие граѓаните за Европа.

„Што се однесува до самите општи очекувања од влегувањето на Хрватска во Европската Унија, поголема корист отколку штета гледаат само дваесет насто од граѓаните. Поддршката за влез во Унијата падна на четириесет насто. Сето ова покажува дека сите тие не веруваат дека ќе им биде подобро.“

Вели социологот Драган Багиќ. Тоа впрочем го потврдуваат и хрватите кои сметаат дека може нешто да се побри со влезот во Европската Унија, но како што додаваат во оние работи што и одговора на Унијата

„Јас сум против Европската Унија. Тоа е владеење на посилните. Ќе ни го земат она што ни најдобро. Хрватска е позната по продавање на недвижности на странците.“

„Во идеален свет јас сум против Европската унија, но во оваков што не окружува, немаме избор. И онака се ќе искупат странците, па тогаш е подобро да сме таму, со нив, отколку некаде надвор.“


Велат граѓаните кои очигледно се незадоволни од, како што велат, распродажбата на Хрватска.

„Ќе ни допуштат влез кога ним ќе им одговара, кога нешто ќе им фали. Чиста трговија.“
XS
SM
MD
LG