Достапни линкови

Средба на македонскиот премиер Груевски со колегите од Хрватска и Албанија со Џорџ Буш


Пемиерот Груевски во Тирана ќе се сретне со американскиот претседател Џорџ Буш кој во јуни во рамки на својата европска турнеја ке го посети нашиот северен сосед - информираат од минисерството за надворешни работи

„На 10-ти јуни претседателот Буш ќе одржи средба и со премиерите на трите земји од Јадранската повелба, значи Албанија, Хрватска и Македонија,“

вели портпаролот Шпреса Јусуфи

Инаку досега само еден американски претседател поранешниот Бил Клинтон во 1999 година ја посети држвава и тоа поради војната во Косово. Од нашите државници пак во Вашингтон со Буш се сретнаа поранешниот претседател Борис Трајковски и претходникот на Груевски Владо Бучковски. Посетите пак на американските делегации во земјава обично се на пониксо ниво. Политичар од повисок ранг кој ја посетил Македониаја е поранешниот американски секретар за одбрана Доналд Рамсфелд. Неодамна по втор пат на средби со државниот врв допатува заменикот помошник на државниот секретар за Европа и Евроазија на Стејт департментот Розмари Ди Карло, а претходно во земјава престојуваше и Даниел Фрид заменикот на државниот секретар Кондолиза Рајс. Анализирајќи ги нашите односи со Соедниете Американски Држави, а тргнувајки од нивото на посети кое се остварени универзитетскиот професор по меѓународно право Васил Тупурковски вели дека државава со оглед на фактот што е мала е реално третирана од страна Вашнигтон.

„Имаат свои дипломатски стандарди и ги почитуваат со Репубика Македонија. Нас ни недостасува соработка со Конгресот, меѓупарламентарна соработка.“

Досега пак македонски парламентарци ги имаат посетено неколку делегации на нивни американскиот колеги. Според Благој Зашов пратеник на НСДП и член на собраниската комисија за надворешна политика соработката со американскиот конгрес треба да се интензивира

„Многу значајно е парламентарците да се среќаваат на различни средби. Ние сме многу послободни во дискусиите со колегите, бидејќи не сме под пресија на владата.“

Инаку Буш покрај Албанија и неколку други европски земји ке ја посети и Бугарија.
XS
SM
MD
LG