Достапни линкови

Во МВР велат дека гужвата не е поради новиот начин на издавање на пасоши


Речиси еден месец од воведувањето на новиот начин за издавање на патни исправи, системот сеуште без поголема функционалност, за што сведочат редиците граѓани кои пред шалтерите на Министерството за внатрешни работи со часови, па дури и денови чекаат да поднесат документи. Без оптимизам повеќето од граѓаните неверуваат дека денеска ќе успеат да аплицираат:

„Само земав документи, а допрва ме чека ова чекање“

„Треба годишен одмор да земете, за да извадите пасош.“

„Од сабајле сум тука, 150-ти сум по ред, а сега е 27-тиот.“


Обидувајќи се да ја лоцираат причината за долгото чекање, дел од граѓаните се жалат на необученоста на службениците од Министерството за внатрешни работи:

„Треба да се организираат и по општини да има.“

„Порано беше многу побрзо и немаше толку многу гужва.“


Има и друга причина, нервозно реагираат граѓаните, кај нас сеуште се функционира преку ред и со врски, што дополнително го зголемува времето за чекање за аплицирање за нов пасош:

„Виновни се овие тука што работат, затоа што доаѓаат преку ред луѓе.“

„Надлежните пијат кафе и од сабајле доаѓаат луѓе преку врски.“


реагираат граѓаните.
Согласно новите европски стандарди за заштита на документите за идентификација, фотографирањето се врши во пасошкото оддееление, каде апликантите исто така се потпишуваат на специјална магнетна плоча, овие податоци се обработуваат во МВР, а потоа се вметнуваат во електронскиот чип во пасошите. И при подигнувањето на пасошот, граѓаните мора да ја поминат истата процедура. На обвинувањата од граѓаните во Министерството за внатрешни работи велат дека службенците поминале соодветна обука, но дека секој почеток е тежок. Оттаму потенцираат дека сепак не се работи за долго чекање, истакнувајќи дека гужвата била вообичаена и претходно:

„Веројатно овие безбедносни процедури можеби создаваат впечаток дека има зголемена гужва, но процесот се одвива без проблеми.“

Изјавува Иво Котевски портпарол на МВР. Во Министерстовто потенцираат дека до крајот следниот месец ќе започне да функционира кол-центарот, преку кој граѓаните телефонски ќе можат да закажуваат за издавање на нов пасош. До тогаш изборот е или да чекате 14 дена за нов пасош за што се плаќа 2 300 денари, или пак за 4 500 денари да добиете пасош по забразана процедура, односно за 48 часа.
XS
SM
MD
LG