Достапни линкови

Регионот е увозно зависен од други средини, потребен е заеднички одговор


За долгорочна енергетска стабилност на земјите од Југоисточна Европа неопходна е регионална соработка, се согласија денеска во Охрид шефовите на државите од регионов

„Регионот во целина е дефицитарен, по однос на сопствените ресурси, барем до овој момент, што значи дека секоја земја пооделно, а тоа значи и целиот регион е увозно зависен од други средини. Таквите предзивици бараат координиран заеднички одговор на целиот регион,“

изјави претседателот Бранко Црвенковски

Дека земјите се упатени на соработка истакна и хрватскиот претседател Стјепан Месич кој додаде

„Сите наши извори вложуваат во билансите на целиот регионот, а бидејки ниту регионот нема доволно извори разговаравме од каде можеме да добиваме плин, електрична енергија и нафта и во тоа да соработуваме“

Неизбежна тема на самитот беше косовското прашање.

Македонскиот претесдател Црвенковски истакна дека за статусот на косово најдобро би било да се дојде до решение кое ке произлезе од мегусебни разговори мегу Белград и Приштина

„Наш национален и државен интерес е да градиме добри односи и со Белград и Приштина. Ние веќе го искажавме нашиот став во врска со предлогот на Ахтисари, а тоа е дека во тој предлог, не може да идентификуваме работи коишто би биле штетни по националните интереси на Република Македонија, и дека прашањето коешто за нас беше од исклучително значење, а тоа е демаркацијата на границата кон Косово е на задоволителен начин дефинирано во планот на Ахтисари.“

Претесдателот на Србија Борис Тадиќ истакна дека статусот на косово ке се реши на европски начин

„Насилството во модерното политичко однесување не може да биде аргумент за ништо. Секогаш преговорите се подоминантни и попожелни од секое насилство и закани. Србија останува приврзана на преговарачкиот процес и во него нема да употребува насилство. Србија е европска земја и статусот ке го решиме на европски начин“

На прашањето зошто на самитот не беше присутен претставник од Косово домакинот и организаторот претесдателот Црвенковски појасни дека ова е средба на која учествуваат претседатели на суверени држави. Тоа е причина зошто и на претходните самити што се одржааа во Караџорџево и Драч немаше претставник на покраината.
XS
SM
MD
LG