Достапни линкови

Во наредните недели на Советот за безбедност ќе му престават резолуција за Косово


Соединетите Држави намераваат забрзано да работат за Косово да дојде до независност и во наредните недели на Советот за Безбедност ќе му престават резолуција. Ова во Вашингтон во надворешно политичкиот комитет на Конгресот го изјави државниот потсекретар за политички прашања Николас Барнс. Комитетот го подржа ставот на американската влада за независност на Косово.

„Соединетите Држави ке предложат резолуција во Советот за Безбедност за овој процес што не значи автоматска независност. Кога таа резолуција ке биде усвоена очекуваме Косово да прогласи независност и таа да биде призната од Соединетите Држави и од другите земји.“

Ова се намерите на официјален Вашингтон кој државниот потсекретар Николас Барнс синоќа ги презентираше во надворешно политичкиот комитет на Американскиот Конгрес. Целта на Соединетите Држави е до крајот на пролета целиот процес да заврши успешно.

„Ние веруваме дека набљудувана независност на Косово е единствен начин да се тргне напред. Било каков друг исход би довел до нефункционална власт засилување на моќта на екстремистите што директно ке води во нов конфликт.“

Порача американскиот државен потсекретар Николас Барнс. Според него доминантно муслиманската популација на Косово никогаш нема да прифати продолжение на владеењето на Србија, но истовремено србите да ги уживаат сите права.

„Очекуваме српската популација на Косово да биде заштитена кога Косово ке ја добие независноста.“

За Вашнгтон планот на Марти Ахтисари за Косово е добар. Што се однесува до Русија, тој рече дека во тек се разговори за да се охрабри Москва да го подржи овој процес. Надворешно политичкиот Комитет на Конгресот го подржа ставот на американската влада, а претседателот Том Лантош оцени дека Србија го изгуби легитимитетот да има суверенитет врз Косово. Според Лантош, не станува збор за етничка солидарност со некој друг народ или група на Косово туку за правдата, мирот, стабилноста и просперитетот на Балканот.
XS
SM
MD
LG