Достапни линкови

Има пари за покривање на сите трошоци, вели министерот за финансии


Со статусот на Косово се поврзани нови овластувања но и нови трошоци од буџетот на покраината. И покрај тоа што се уште нема точни пресметки за тоа колку ќе чини во практика остварувањето на статусот на Косово министерот за финансии е оптимист.

Министерот за финансии во владата на Косово Хаки Шатри вели дека во буџетот има доволно пари да се покријат сите трошоци неопходни за оживотворување на независноста на Косово.

„Тоа што сега можам да го кажам е дека Министерството за финансии е подготвено успешно да се соочи со цената на статусот о новите овластувања што ќе ги добиеме. Врз тоа работевме две години и подготвивме и терен и средства.“

Според неговите зборови на подготовките на финансиските конструкции за примена на статусот заеднички работеле работни групи на стручни лица од институциите на Косово и на УНМИК. Министерот Шатри очекува тие брзо да излезат во јавноста со целосната проценка за потребните финансиски стредства за остварување на новиот статус на Косово.

„Работните групи стручњаци ба институциите и УНМИК работат врз проценката за потребите во сите сегменти во кои ќе треба да се изврши префрлање на надлежностите кои ке се добијат со утврдување на статусот.“

Косовскиот буџет за 2007 изнесува нешто повеќе од 700 милиони евра. Таков буџет не може да одговори на потребите на агенциите кои се финансираат од него. Истовремено Светската Банка и Меѓународниот монетарен фонд постојано бараат намалување на бројот на вработените во институциите на Косово и инстистираат да не се зголемат платите на вработените. Европската Унија пак побара од земјите членки да на име на донации обезбедат околу 2 милијарди долари. Досега според пратеникот на Комесарот за надворешна политика и безбедност на Европската Унија Хавиер Солана, Торбјон Солстром се обезбедени 500 милиони евра за финансирање на првата фаза на мисијата на Унијата на Косово.
XS
SM
MD
LG